Поради мракот, лицето не можеше да му се распознае, но тоа секако му припаѓаше на врагот преправен во брат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во браќата пак се разбуди злото. Што сакаш ти, коњ со шест нозе, но тој, арабаџијата, ги познаваше коњите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тогаш, погледнувајќи во брата си, кој ги јадеше сендвичите, што неговата сопруга утрото ги спакувала додека сè уште беше свеж од тоа што ја прегрнуваше, го обзеде неумесно и необично чувство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Гледај си го Толето, види шо мустачиња му посадиле, — ја укори Нешка мајка си и се загледа небаре во брата си, но очите, и не сакајќи, и ѕуреа во младото попче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но на трговецот со добиток, кој посматраше скриен на другиот крај од нивата, овие зборови на врагот му звучеа како да се на самиот Господ. – Еј, проклета мршо!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тапо погледна во браќата и остана зачуден; не разликуваше кој е Мануш а кој Јанкуло. „Кој тоа?“ праша.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)