во (предл.) - боја (имн.)

Старецот се прилагоди да се задоволува со малку: ѝ се прикрадуваше претпазливо како глушец; и цицаше по малку, не гмечејќи ја, така што жената не се будеше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Само понекогаш сонуваше чудни соништа во боја.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таму ме чекаат, со орденот со забратка во боите на знамето на државата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Претседателот со десната рака ми честита, со левата ме прегрнува, ме бацува и потоа, сѐ уште држејќи ми ја раката, се истргнува да можат присутните да видат колку величествено изгледам со почесниот забрадок во боите на државното знаме околу главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Покрај тоа, кај него прв пат во животот видов xerox во боја.) Како подоцна отпатував и талкав подолго време, тоа пак е друга приказна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имено, после Девојките од Челзи, првиот Ворхолов филм што доживеа комерцијален успех (прикажуван е и во Европа), очигледно е авторовото тежнеење да продолжи во тој правец, т.е. настанува обид за додворување на публиката со постепеното прифаќање на правилата на комерцијализмот, односно во филмовите кои следеа исчезнува меценизмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Материјалите врз кои работат мејл-уметниците се секакви; од картон, пластична фолија, плексиглас, метал, платно, хартија во боја, до стиропор, конфети, човечка коса, нокти, секојдневни предмети, фотографии, филмски ленти итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
4. Пост-ворхоловски, продуцентски период 1967-1977. каде спаѓаат и видео-спотовите кои Ворхол подоцна ги продуцирал. 1963. Tarzan and Jane regained...Sort of (2ч, ц/б, з); Kiss (50 мин, ц/б, н); Sleep (6ч, ц/б, н); Andy Warhol films Jack Smith filming „Normal love” (3 мин, кол, н); Dance movie(Roller skates) (45 мин, ц/б, н); Haircut (33 мин, ц/б, н); Eat (45 мин, ц/б, н); Salome and Delilah (30 мин, ц/б, н). 1964. Batman Dracula (2ч, ц/б, н); Empire (8ч, ц/б, н); Henry Geldzahler (100 мин, ц/б, н); Couch (40 мин, ц/б, н); Shoulder (4 мин, ц/б, н); Mario banana (4 мин, ц/б, н); Harlot (70 мин, ц/б, з); The thirteen most beatiful women (40 мин, ц/б, н); Soap opera(The lester Persky story) (70 мин, ц/б, н); Taylor Meads ass (70 мин, ц/б, н). 1965. The thirteen most beatiful boys (70 мин, ц/б, н); Fifty fantastics and fifty personalities (40 мин, ц/б, н); Ivy John (35 мин, ц/б, з); Suicide (70 мин, кол, з); Screen test 1и2 (70 мин, ц/б, з); The life of Juanite Castro (70 мин, ц/б, з); Drunk (70 мин, ц/б, з); Horse (105 мин, ц/б, з); Poor litle hich girl (70 мин, ц/б, з); Vinyl (70 мин, ц/б з); Bitch (70 мин, ц/б, з); Restaurant (35 мин, ц/б, з); Kitchen (70 мин, ц/б, з); Prison (70 мин, ц/б, з); Face (70 мин, ц/б, з); Afternoon (105 мин, ц/б, з); Beauty 2 (70 мин, ц/б, з); Space (70 мин, ц/б, з); Outer and inner space (70 мин, ц/б, з); My hustler (70 мин, ц/б, з); Camp (70 мин, ц/б, з); Paul swan (70 мин, кол, з); Medy(The most beatiful women in the world/The shoplifter/The fourteen year old girl) (70 мин, ц/б, з); okno.mk | Margina #15-16 [1995] 109 More milk Yvette(Lana Turner)(70 мин, ц/б, з); Lupe (70 мин, з). 1966. The Velvet Underground and Nico (70 мин, ц/б, з); Bufferin (Gerard Malanga reaads poetry) (35 мин, ц/б, з); Eating too fast (Blow job 2)(70 мин, ц/б, з); The Chelsea girl (195 мин, ц/б, кол, з); **** (Four stars)(25ч, кол, з). 1967. The loves of Ondine (86 мин, кол, з); I, a man (100 мин, ц/б, з); Bike boy (96 мин, кол, з); Nude restaurant (околу 2ч, кол, з); Lonesome cowboys (100 мин, кол, з), со Пол Морисеј. 1968. Blue movie (Fuck)(90 мин, кол, з); Flesh (105 мин, кол, з). 1970. Trash (103 мин, кол, з). 1972. Women in revolt(97 мин, кол, з); Heat (100 мин, кол, з). 1973. L’Amour (90 мин, кол, з). 1974. Andy Warhols Dracula (Blood for Dracula)(90 мин, кол, з); Andy Warhols Frankenstein (Flesh for Frankenstein)(95 мин, кол, з). 1977. Andy Warhols Bad (100 мин, кол, з). *објаснување на кратенките: ц/б - црно-бел; кол - во боја; з - звучен; н - нем. подготовка и превод: Игор Ангелков 110 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Popism 4 (1966-1967)
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Меѓутоа дека тука сепак има нешто, покажува една фотографија во боја на Dr. Ack­ erman, кадешто неговото лице е маскирано а тој во едната рака држи едно сценарио а во другата кукла.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беа облечени во винил и антилоп и пердуви, во фустани и шарени чорапи и кондури со патенти, и сребрени и златни мини- мини сукњи, и Пако Рабан фустани со пластични дискови, и yвонарки, и кратки фустани кои се ширеа од рамото надолу, а тоа доле се наоѓаше прилично над колената. (...) Пред крајот на април, на Бродвеј и 53.улица се отвори клуб под името Chee­tah.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа беше огромен проект со капацитет од илјада и пол луѓе, и со светла во боја и винилни ленти кои висеа од плафонот, и со филмови и слајдови, и интерна телевизија, и бутик и останатото. што се однесува до бендовите - Велве­тите свиреа на отворањето.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Само ставете ја кацигата и сензитивните ракавици, зграпчете ја контролната палка, и влезете во светот на компјутерската анимација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ВОРХОЛ Филмографија Во овој текст Ворхоловата работа е поделена во следните три фази: 1. Нем, ран период 1963-1965. 2. Звучен, среден период 1965-1966. 3. Доцен период 1966-1967.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во оние правени 1967. и подоцна Ворхол конечно ја изневери својата естетика: сите по Де­вој­ките од челзи се работени во боја, а класичната монтажа стана вообичаена постапка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Свртете ја главата и ќе видите тродимензионален (360 степени) предел во боја.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Затоа големата хала на електрониката беше извонредно интересна, каде што Англичаните предизвикаа атракција со својата телевизија во боја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гостољубивите домаќини се погрижиле во „картите на јадење“, кои се отпечатени во боја, да внесат мала историја од која се разбира кој овде наминувал од познатите француски уметници, белетристи, револуционери.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во неа компјутерите се прикажани како пирамиди во боја што се поврзани со okno.mk | Margina #22 [1995] 107 линиски врски, по кои се преточуваат информации.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа беше 1940г. и камерманот на своето прво патување во Амстердам беше торпедиран и сета негова опрема беше изгубена.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јаже (The Rope), 1948г. •1948г. е значајна етапа во вашата кариера бидејќи со Јаже ќе станете свој сопствен продуцент, а тоа ќе биде и ваш прв филм во боја и истовремено голем технички предизвик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потоа осумнаесет дена снимање, и заради славната портокалова боја, девет дена повторно снимање.”
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да беше филмот во боја, ќе внесев еден кадар кој отсекогаш сакав да го снимам, а никогаш не го направив тоа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ако сакате, можам да ви испеам нешто италијанско, во боја, Гондоли гондола гондоли, Аривердерчи Рома, О соле мио, знам и една песна за сребрената месечина што се дави во морето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Стуткани меѓу Виена и Прага тие повеќе береа гајле како да дојдат до кредит за колор телевизор иако веќе им беше сосема извесно дека телевизорите постојано најавуваат само зла и несреќи и дека црно-белите само се заменуваат со зла и несреќи во боја.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Секако, во крајна линија, таа ќе продолжи да се движи како што тоа го прави и сега, невидливо, нечујно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Преку преведувачот, Американецот ги изрази своите желби, но не доби никаков одговор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Третата рачка ги тргна остатоците. И така натаму.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овде го користам: проекторот во боја.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како и ТВ-то во боја: црвено, зелено, плаво.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во меѓувреме, сите блескави светла во боја на џубоксот работеа совршено, правејќи ја целата глетка блескава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вагнер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Европската музика ја направи пресудната грешка: ја раздвои композицијата на изведување и слушање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Што е поубаво?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во долината осамени скитници црвени усти од каменот на сушите а небото во боите на морето на мојот осамен Полуостров.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Понатаму, во писмото, Атанас ги молеше мајка си, браќата и деца си Блажета да му простат што не им се кажал пред заминувањето, но тоа го сторил зашто се плашел дека ќе го попречат да замине, а тој оттаму, од Австралија, ќе можел уште повеќе да ги помага, зашто му било добро и зашто добро заработувал.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во писмото Атанас испрати две фотографии, во боја, едната им ја испраќаше на домашните а за другата, нив, домашните, ги молеше да му ја испратат на татка му Ѓорета во затворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одамна научена реплика од крвта моја. која за љубовта го прави само тоа, зборува. Тонски во боја
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Чуден ми е сонот, во боја.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
На челниот ѕид – во боја, портретот на Сталин, личен подарок. Електрична светлина и греење.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Телевизор во боја немав, ама и не ми требаше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Толпата, правејќи круг, се беше насобрала околу централниот дел, и се туркаше да ги види луѓето со костими од перја, луѓето со капи во форма на клунови и големи рибји опашки, луѓето со облека натопена во боја црвена како крв, луѓето со ангелски и пеперуткини и птичји криља, луѓето скриени во огромни јајца на кои имаше отвори за нивните очи, луѓето под долги сини чаршави кои беа река, луѓето со труби кои ја најавуваа апокалипсата, луѓето кои се прпелкаа по црвениот чаршав и гореа во вечниот оган, луѓето кои лежеа на синиот чаршав и уживаа во небесниот спокој, и еден човек со крст на грбот, кој гледаше нагоре кон мракот и извикуваше: „Господи, Господи, зошто ме остави?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Насекаде имаше фенери, факели, и неколку силни огнови чии пламења се извишуваа кон темното небо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ги раздиплив картоните меѓу кој лежеше акварелот, кога го извадив на дневна светлина, забележав оти тоа не беше портретот со лузни, темен и оскбен, тоа не беше ликата на остарената, грешна и гнилежна Ангелина, туку во боите сјаеше ангелско лице, онакво какво таа го посакувала во молитвите упатени до Троичниот Бог и Пресвета Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мир не ми даваше портретот со лузни, со жестока болка згрчена врз хартијата, згрутчена во боите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред да биде уапсен поради реметење на јавниот мир (зошто се обидуваше насилно да ја свлече растревожената Чикита), тој стигна да изјави дека изборот за мис е чиста провокација; имено, татко ѝ на Чикита е водич на „федералистите“, а и нејзиното бикини било во боите на националното знаме на големиот сосед“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Е, во тоа време кога никој не беше видел телевизор во боја, ние во игрите и во дијалозите се користевме со „наш“ јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За Крег, актерот е флека во боја.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Најпосле се појави Стоја со свилени фустани во боја расплетени кадрави коси, и штикли високи носи.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Веднаш до овој дел е видео снимка од 1991, на истото место: но оваа е во боја, со рокерски графити на ѕидовите во позадината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој да го замотува клопчето бело, неофарбано, јас да нижам монистри во боја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Луѓето, пак, велеа дека височина од триста метри е вистинска лудост. Ама, какви триста метри.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Туристите влегуваат во лифтот, се качуваат на првата тераса, потоа на втората, џагорат, се смеат, фотографираат, снимаат филмови во боја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Воените сцени се чинеа пострашни на малиот телевизор, црно-белите беа пострашни од оние во боја, пострашни ноќе отколку дење...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Воопшто сѐ што беше правено во боја беше сино. Сината боја доминираше на ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
p.s. На асфалтот цртаме сонца, како мали деца... место кредички во боја сликаме со нашите страсти.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Имаше некаква посебна мекост, како на дождовница, и во бојата и во текстурата на стаклото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На неговиот крај висеше постер во боја, премногу голем за изложување во затворен простор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога останавме сами, Симон ја исече кутијата и од неа извади голем, нов телевизор. Во боја, рече гледајќи гордо во апаратот. Сега сите одат на боја, вели.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Убав е, вели тој, со голем екран и во боја, со дваесет и четири канали.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И некој документарец во боја можеме да гледаме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Телевизорот не е во боја, а ми носи немир. Ми создава збрка...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Лена ми кажуваше: Кога го купи телевизорот во боја, Симон сакаше да гледаме навечер заедно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Првото гледање во боја вечерта беше со многу пречки, бидејќи во Долнец удрија молњи и се истури силен дожд.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ти, ми вели тој, и пред Методија не покажа дека се радуваш на телевизорот во боја.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ден за ден, тој се приврза кон Лена. Купи и телевизор во боја.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Неговата пак грижа за мене, која почна со убав збор, потоа со канче црници, па со едно маче, па со телевизор во боја, сега ги надмина сите размери.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тогаш погледна во мене. Може, ако сакаш, овој да го земеш кај тебе, да си гледаш што сакаш и кога сакаш. Во боја, вели.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Вагабундова влегува како скоклива топка: многу е возрасна, облечена во бел фустан со тантели, исто така бело ладало, коса бојосана во боја на кајсија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со тие прекрасни светленца во боја што трепкаат, со нивните демоде песнички го враќаат човека во старите времиња...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А знае само дека општината, на државата. земјите се црти и дамки во боја на картата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Кога внимателно ќе се погледне Хичкоковата кариера, од неговите неми англиски филмови до холивудските филмови во боја, во неа ќе најдеме одговор на неколку прашања кои секој синеаст треба себеси да си ги постави, а од кои следново не е баш безначајно: како да се изразиш на чисто визуелен начин? Margina #21 [1995] | okno.mk 13 Овој човек кој најдобро од сите го пренесе стравот во филмот, и самиот е плашлив и претпоставувам дека неговиот успех е врзан за оваа одлика од неговиот карактер.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој зимата, на Водици, нѐ викна мене и Уртето и ни даде по една дебела свивка календари со слика во боја на бугарското царче Симеон. Убава таа сликата на тоа царчето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Врз растурените ѕидишта на сенките Во боја на портокал Летот длаби крај.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Кутрото теле сѐ уште не знаело дека проблемот не е во боите туку во вратата која се отвара но може и да се затвори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сѐ беше многу убаво нацртано во бои.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште првиот ден го слушнав писокот на локомотивата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да сонуваш, значи да спознаваш да уживаш, страдаш, патуваш да убиваш, бегаш, леташ да паѓаш во бездна, во кошмар да правиш сѐ што правиш и будна и уште, и многу повеќе автентично, во боја (…) оти сонуваш симболично сонуваш навистина сама - како острово - како безгрешен зачеток. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сега во рекламите, во списанијата, сѐ е во боја, ние сме само дел од тоа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Постои ли сѐ уште таа разлика, и вреди ли да се оддржува? okno.mk | Margina #10 [1995] 127
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И кога велеше - белки ќе дојдат други времиња - јас во тие штури, навидум сиромашни зборови, гледам само бесконечно траење, а во бојата на гласот – триумф!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си нашол германска мома која сака конзервативни песни и чизми изгланцани во боја на свеж костен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Показатели при овој процес можат да бидат, на пример, дисконтинуитети во бојата и текстурата. okno.mk | Margina #3 [1994] 83
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На влезот на компјутерот доаѓа кодирана фотографија во боја, снимена на отворено и на која можат да се видат дрвја, куќи, трева, небо и.т.н.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мајката Роса и мајката Перса не можат да им се изнагледаат, наликуваат на две родени сестри во омјасот, во бојата, во црната коса и црните очи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)