Подоцна сфатив дека тоа не е љубомора, туку грижа која премина во болест.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Лекарот мора да чувствува дека има право да продре во болеста, токму како што родителот знае дека има право да влезе во детската соба во секој момент, без оглед на мислењето на детето за тоа.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Со тага се сетив на твојата мисла што честопати во болеста ја кажуваше и нѐ тешеше: НИКОЈ НЕ Е ВЕЧЕН Како мој одговор и одговор на твоите синови, на гробот стои напишано: САМО ЉУБОВТА Е ВЕЧНА Извесен период се тргнав од компјутерот, со недели и месеци ништо не напишав.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ти се шегуваше и ми велеше: "Оваа мора да ми е колешка во болеста".
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Сам продолжи да се водиш во болеста.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Кога го видов Матеј во белиот мантил веќе го гледав идниот доктор во семејството којшто ќе им помага во болестите на своите најблиски и на сите луѓе. Почувствував гордост.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во последните неколку дена болката премина во болест, постојана болност, која со своето будење донесуваше болки во мускулите, гадење, губење на апетитот, обилно потење и отоци во зглобовите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Истите зборови на обврзување, ветување, поучување, насочување кои ги повторуваше и тој, за да потврди дека навистина, и во добро и во зло, и во болест и во здравје, ќе остане со жената која тогаш ја донесе во оваа иста катедрала.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Вети дека ќе ја почитува и дека ќе ја обожава со своето тело и дека ќе ѝ биде верен до крајот на животот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но јас овојпат не паднав во болест.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ѝ растеше Трајан како што растеа врбите; доаѓаше до работ на смртта и пак оживуваше; растеше во немаштија, во болести, во војни и сѐ издржуваше и сѐ трпеше како што и сега ја трпи раната на раката и слабината останата од гранатата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Такво потење и горење само во трески, во болести, се случува.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)