Јас, матрица, матка, матерка,
модра, мадра, мудра матрона
од Другиот свет
(не, овој никогаш не ми бил доволен!)
ти повелам:
влези во морето
не мисли на немоќта
оти никогаш не знаеш
колку ќе издржиш
и во болот, и во ужитокот
пливај до кајшто гледаш
а гледај далеку, секогаш подалеку
јас глаголам задумно на 'ртот
зборувам на својот мајчин јазик
(о, какво олеснување, каква удобност!)
и сила ти давам
а не утеха!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тага
Ја сонував дамна, расцутен снег во измаглица
во мирисот на душата пресувана, во бол задишена
таа неземно што ме запиша на скитничките лица,
оти некогаш ме видела осамена, од смртта лишена.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се спушта сега тој на рамената на врсниците свои во болот непребол дури од него горското цвеќе се разделува Домот во кого згасна помнењето на светот во залезот на виделото.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Мене срцето в бол ми се свива.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Досегни го во ветрот досегни го во болот на корењето на убавите нешта пред да ти проговори со говорот на инсектите што го тркалаат над ружите својот облак.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)