Со големите идеи се одлагаат практичните решенија. Впрочем, така беше и со верувањето во Бога.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не, воопшто не верувам, не, не, никако не верувам, не, не, не верувам во бога.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Татко му, прв лекар на местото, можеби се надоврзувал на мајка си, првата вдовица во местото, која на младите им проштеваше да имаат црвци во газот, веруваше во небото и во бога, но не веруваше во црквата и во поповите, па се крстеше и пред да запали свеќа и пред да пивне ракија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас ќе му речев нему: „Јас помалку од тебе верувам во Бога“.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Толку што беше таа религијата тогаш забранета. Опасна работа беше да веруваш во Бога.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Не“, ќе ми речеше тој, „јас сум тој што најневерува во Бога“.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Јас и Крмакот сами од себе не верувавме во Бога. Дури и се инаетевме кој помалку верува.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
До почетокот на времето, Словото беше во Бога; во почетокот на времето Словото го создаде светот, среде времето, Словото се оваплоти заради спасението ваше, а на крајот од времето – оваплотеното слово, Богочовекот Исус Христос ќе ви суди за делата и неделата ваши и ќе остане, како и до создавањето на светот – вечност.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„А кога некој не верува дека морето се отворило, а верува дека само Бог може да го отвори морето, дали тоа значи дека не верува во Бога, или не верува во човека?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Душата на отец Пелазгиј навистина беше слаба и не веруваше во самата себеси, а камоли во Бога.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но секоја нишка што ќе ја одбереш, води кон средето, кон смртта на оној кој чита, што значи беспотребно е да се плашиш дека не одиш по вистинскиот пат во клопчето на словото, оти блаженството на смртта при читањето настапува кога ќе ја затвориш корицата од книгата што ја читаш, оти тука, во таа точка, во средето, очи во очи со пајакот вжарен, со источникот на словото завршуваш и ти, и слободен си, како никогаш, како да си мртов, како да си заспал во Бога.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Не верува во Бога“, рече Пелазгиј, и веќе започнуваше да се поти.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Е па, како тоа, пречесен Асикриту: Пелазгиј е Бог, а не верува во Бога?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, Филозофот кажа точно слово за Пелазгиј, и јас, иако во тој миг го мразев, а го мразев оти гледаше низ нас и во нашите срца и утроби како да сме од стакло, знаев дека Пелазгиј не веруваше во себе, и дека затоа не можеше да верува ни во Бога.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„А за да може некој да не верува во Бога, и да каже дека нема Бог, зарем не треба и самиот да гледа сѐ и да биде и самиот снеможен, односно и самиот да биде Бог?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во Бога се колнам, дека говорам вистина. Жена сум му, господин судија, на Павел Земанек; барем законски, јас сум му сѐ уште сопруга, иако тој веќе од поодамна не живее со мене и со Здењичка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Време на молчење на камбаните. Време без вера во Бога. Каде застана времето?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тогаш, кога ги протераа од Потковицата и од сиот овој дел на Македонија фашистите и кога стапија на власт комунистите, младежта, подгрејувана од нив, од комунистите, ја зафати едно неверување во бога, во црква, во самовили и во сѐ во што, научени од дедо и предедо, нивните татковци веруваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со својата света неприкосновеност ги регулирала меѓучовечките и социјалните односи, ги прочистувала срцата и душите, го крепнела менталното здравје на луѓето, нивната вера и надеж во бога, во сполуката во бојот, во вредностите и вечноста на човека.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Веќе немаш во ништо верба, па и во бога се сомневаш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но постои ашик дервиш, вљубен во Бога, покрај другите видови дервиши.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Б
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Го чу: Каин и Авел го изгубија својот бог. Богот Мирон се прекрсти во бог Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Мене, пак, ме учеа во социјализмот да не верувам во бога, но јас си имав своја сопствена претстава за него, знам дека постои нешто отаде заумното, знам дека сме дојдени со некоја задача на овој свет и затоа сакав да имам деца, можеби и нешто повеќе, што ме чинеше еден брак, сакав да бидам креативец и да оставам и нешто духовно зад себе. И без религијата – преживеав,
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
„Веруваш ли во Бога, Винстоне?“ „Не.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За неа, верувањето во Бога прераснуваше во голем чин на храброст да се спасуваат чедата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Немаше човек кој ја минуваше границата, барем за малку време, да не поверува во Бога.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И своето верување во Бога таа го поврзуваше со мисијата која ја имала од него – да биде жива само за да си ги спасува животите на своите чеда.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не блескав нож ја воздигна неа на небесата – туку јас, самиот, пресоздавајќи се во Бог, зашто праобликот е мое исходиште па – вината да ја искачам горе е само моја.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Егзархијата не се меша во боговите.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
За Мајка остануваше битно дека го извршува верувањето во Бога дека ја испратил во живот да ги спасува своите чеда.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Фројд во боговите виде три функции: да се победат природните сили, да се помири човекот со суровата судбина и да се спаси од големите страдања.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во наводот од Џојс, како што видовме, се наоѓаме во царството на синот, додека тој се преобразува од Икар во Тот, од ефеб во бог на пишувањето; неговиот страв од симболи и знаци, знаци на таткото, го води кон пишувањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Наводот од “Tlon, Uqbar, Orbis Tertius” нѐ води во царството на надоместоци, не само во поединостите што веќе ги видовме, туку и уште појасно, ако помислиме на самата приказна. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 18
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ми е гајле, вели, јас не верувам во бога.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)