„Сеедно, ние сега не сме заедно,“ ми велеше Ема.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ако и е така, не значи дека не е неизбежно, особено кога (нешто) ја има особината да се повторува во бесконечност... (еден милион прашања можат да имаат еден милион различни одговори и сите да бидат ДА) Мÿ Како ја доживуваш срединава околу себе?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Зашто, употребувајќи го тој збор, човек признава дека си игра со реалноста; потоа, со повторна употреба на двомислата го брише тоа сознание; и сѐ така во бесконечност, и со лагата секогаш еден скок понапред од вистината.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А кога овој случај како симптом на длабоката фрустрираност на хрватската интелигенција ќе ги стекне сите одредници на законска појава, тогаш ни станува јасен и оној манично депресивен карактер на хрватскиот интелектуален живот воопшто, неговиот сите нам толку добро познат здодевен ритам: ...тапост - еуфорија - тапост..., па одново, еуфорија, ... па тапост... и така во бесконечност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А се сеќаваше на многу вакви прогонувања, и со оние помалите вепри, знаеле да се протегнат во бесконечност, од која најпосле е тешко и да се вратиш дома.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јас бев исправен пред себеси во огледалата што ме пренесуваа во бесконечност и со испружени раце ја барав Ема во огромната празнина.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тежат онолку колку им е силна љубовта, копнежот... само еднаш се спојува случајноста во бесконечност...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
И почна да открива непознати димензии протегнати во бесконечност и во нив растргани облици, претстави за кои во врелината на треската нема чудење.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)