Зашто, додека морничавевме
од уфрлање вулгарни изрази во беседите
- свечените, судбените, великодостојните -
додека се противевме на облиците
незауздана, сладострасна и
мекоплотна речитост
нашиот јазик неодложно умираше
а нивниот се создаваше, рајскиот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Само мислата со којашто се упатува,
со дигнат прст вперен
кон мене, во беседи заведена
ја копка сѐ повеќе и ја нагризува.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)