Се обиде да се поткрене од постелата но - се откажа. This is where all the stars bow down Еве, со истата душа со кој а цел живот копнеам по Тебе и со истите очи кои го паметат најскриеното во твојот поглед јас чекам и ќе чекам зашто веќе влегов во безизлез во кој треба само да се чека.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И таму, се знае, ќе биде стеран во безизлез, ќе биде уловен, со мали изгледи да се спаси од лавиринтот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во безизлез сме. Од густи влакна не се гледа ни родениот нос!
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но не смееше да почне нова дискусија со козарите, зашто повторно ќе се најдеше во безизлез.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се мачев во безизлезот во кој се најдов да трагам во сеќавањето по излезните таткови идеи од балканскиот лавиринт.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мислам дека ќе бидете збунети а можеби и ќе посакате да ја напуштите намерата да продолжите со потрагата заради онаа небулозна а и загадочна порака Влез во безизлезот што стои на спомнатата врата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Пари не можеше да собере за да вложи кауција во судот за да се изврши стручна проверка на тлото, и наоѓајќи се во безизлез, се јадосуваше, се гризеше и запаѓаше во очајание, слично како и татко му Китан порано.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)