За Македонците, згутавени во беда и неизвесност, по плитарски и каменоѕидни куќи скоро без прозорци или по зандани, едни, а други собрани во секакви војски, иднината е нејасна, повеќе матна и разбуричкана отколку привлечна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги знае од дете, чувствува во себе, патот го гледа и при чекор напред и при чекор назад, останува верен на себе, и во тешкотија содава, дури и во беда.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Посетителите го затекнуваа полн со гнев, потонат во беда, и како го опсипа светот со сарказми; низ нив, во понекој збор, се пробиваше и некаква нежност.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
КИБЕРПАНКЕР: ПИЛОТ НА ВИДОВИТЕ Според Фуко, ако го промените јазикот ќе го промените општеството.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сите тие нешта се среќаваа во мене, во моите болувања, во нејзиниот страв за мојот живот, затоа и ме мразеше толку, говорејќи со глас со каков се изрекува смртна пресуда, “Ќе беше подобро да не те родев,” затоа и ме сакаше толку, ме сакаше до заборав на сопствената несреќност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој умрел во беда и немилост, а неговите кибер-вештини речиси беа заборавени.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)