во (предл.) - бајка (имн.)

Теодора слабникава принцеза, што замислена се повлекува од валканата, недостојна конкретност во бајката, или во рицарската поема – танцувајќи по невидливата жица, отсутна, малку збунета, недопирната.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Името? - Теодора. Освен тоа, вљубена сум во бајките и во рицерските поеми.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеби, како што вели пријателот Хорацио Цвикало, јас боледувам од „К-синдром“: орелот што ме колве е заробен внатре, во мојот желудник, и очајнички се обидува да се исплетка – оттаму ме господарот сновинденијата и јавето го вселувам во бајка; но овој случај сè е очигледно: наспроти впечатливите портрети на мајсторите – свештеници, кои ја проголтаа одајата, сликичките во албумот ја откриваат лежарноста на шаховските фигури по играта, околу трпеза или на шарено ќилимче сред поле, а меѓу нив, од сончевиот воздух, изнуркуваат тие - надреалистичките девојки!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тајмингот во бајките исто те поздрави.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Многу го спомнуваат во бајките и јас не верував дека навистина постои - му објаснив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од денеска, после отчукувањето на полноќ, мојот живот од кошмар ќе се претвори во бајка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Краста (Ја гребе крастичката на долната усна): Глупости! Тоа го има само во бајките!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 131
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зората ја дочекувам навален со плеќите на замрзнатиот рововски ѕид. Ова што го гледам пред мене е како во бајка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знам јас, наставничке, дека вештерки и духови не постојат, но сепак, знаете како, толку многу за нив имаме читано во бајките и слушано.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Целата приказна на играта како во бајка, знае да кулминира со СОВРШЕНОСТ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Дворот го претвора во бајка.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Во нашите детски глави, историјата се поедноставуваше, завршуваше како во бајките, во борбата помеѓу добрите и злите, најчесто престорени во питоми или крволочни животни...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)