По разоружувањето на италијанските единици се проширила и слободната територија во Западна Македонија на просторот: Кичево, Дебар, Струга и Маврово вклучувајќи ги тука и првите ослободени градови: Кичево ослободено на 11 септември 1943 до 1 октомври 1943, и Дебар ослободен на 9 септември 1943 до 16 ноември 1943 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во времето на капитулацијата на фашистичка Италија на територијата на Западна Македонија се наоѓале баталјонот “Мирче Ацев“ (формиран на 18 август 1943 година на планината “Славеј“), “Дримкол“ и “Малесија“, а во септември биле формирани нови партизански чети и одреди, а некои од постојаните прераснале во баталјони (Копачка чета, Први баталјон, Кичевски теренски баталјон, Косовско-метохиски баталјон “Рамиз Садик“, Втори Косовско-метохиски баталјон “Борис Вукмировиќ“, ПО “Славеј’“ и “Малесија“. д-р Велимир Брезоски, Ослободителната војна во Македонија во 1943 година на територијата на СР Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во времето на капитулацијата на фашистичка Италија на територијата на Западна Македонија се наоѓал баталјонот “Мирче Ацев”, I и II одред на Првата оперативна зона и партизанските одреди “Славеј”, “Дримкол” и “Малесија”, а во септември биле формирани нови партизански чети и одреди, а некои од постојните прераснале во баталјони.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)