Тоа лутање понекогаш знае да поприми кошмарни димензии токму поради моќта својствена на човекот - да создава ментални проекции во согледувањето на нештата и во барањето смисла околу сето тоа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Празен во себе пред празниот и бел лист, без оној таканаречен внатрешен творечки замав, исплашен докрај од неуспехот да се обликува некаквата повест, тргнав во потрага, во барање на факти.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа резултирало со потпишување на договорот во Плака (29 февруари 1944).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во Грција, во текот на 1944-та продолжила политиката на ЕАМ за спогодување со силите на емигрантската влада во барањето начини за т.н. политичко единство.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Забите му беа расипани. Си стави нови вилици. Се пуштивме во барање жена. Никако.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Деновите ѝ поминуваа во плачење, во тажење, во распрашување, во барање списоци на загинати, на заробени.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се пропиша и проширување на обврската за странските работници во барањето за согласност од Министерството за култура, освен приложувањето на план и програма на активностите што ќе ги реализираат, листа на претходно реализирани активности и кратка биографија со содветна документација за странците, тие да достават и покана за учество или договор со организатор регистриран во РМ, доколку активноста која ќе ја извршува странецот е условена со соработка со организаторот од РМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Треба да биде поупорна во барањето работа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во барањето начини за заштита на своите интереси, Британците од своја страна сметале дека со формирањето на една "унија од сите балкански држави, сојузнички и непријателски, и со вклучување на Турција во федералната држава, би се решиле балканските проблеми".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За таа цел биле ангажирани сите достапни британски агенти на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, во новонастанатата констелација на силите на Балканот, кога советската армија се наоѓала во Романија, Бугарија и во еден дел на Југославија, британскиот политички врв сметал дека е беспредметно да заговара една таква заедничка федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, со тоа не престанале активностите на СОЕ во барањето начини како да се олесни германскиот воен притисок на Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа се наоѓа во барањето по сезнајноста и семоќноста на формалното мислење, што во 20. век, а посебно во неговата втора половина, изведе пресврт.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Едгар Морен, Елен Лејбовиц и Патрик Крисман во моето пишување откриваа спокојно раскажување за Балканот, во барањето на обединувачкиот јазик на разликите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во барање по самата себе, Те најдов Григор - тебе. Кој си ти?
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Токму тоа се наоѓа во барањето за семожноста на формалното мислење кое во втората половина на дваесеттиот век изведе преврат. Маргина 35 135
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Нè очекуваше Мајка токму со ова прашање да го оттргне од неговата внесеност во барањето нови аргументи со кои ќе ја подготви Мајка за големата одлука. – Не, не знам!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За надоместок на трошоците одлучува судот на определено барање од странката – без расправање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Неговиот пример е инспиративен за тоа дека, и покрај самобендисаноста и ароганцијата на своите „газди“, работникот не треба да се демотивира и треба да биде упорен во барањето на правдата низ правосудните лавиринти. 1. Интервјуто го водеше Стефан Бошковски, на 4.III.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странката е должна, во барањето, определено да ги наведе трошоците за кои бара надоместок (чл. 158, ст.1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој, исто така, има учествувано во штрајкови на своето поранешно работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Bo барањето на што поубедлива документарност при интерпретација на личните и општи судбини, зафатени од виорот на Балканските војни и Првата светска војна, покрај кажувањата на десетина преживеани учесници од Македонија (со кои успеав да се сретнам во Битола, во Солун, во Берово, во Горно Коњаре, Скопско, во Ваташа, Кавадаречко, во Слојштица Демирхисарско, во Жиово, Мариовско, во Претор, Ресенско и т.н.) ненадоместлива помош ми беа и белешките на учителот Милорад Марковиќ, односно неговиот „Воен дневник“, којшто во еден поголем дел е воден на боиштата во Македонија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)