Во Бугарија дошла од Кашмир каде што, според преданието, некоја индиска принцеза се капела во базен сиот опсипан со ружи...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во слободно време ги носеше на кино, на циркус, на капење во базен, во зоолошка градина, на коњски трки, на фудбалски натпревари; и кога шетаа, за едната рака го држеше мајка им, а за другата тие.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кон зајдисонцето се спушта Сансет Булевард (на којшто Вилијам Холден ја пронајде Глорија Свансон и сопствената смрт во базенот), завршувајќи онаму каде што почнуваат Малибу и неговите дрвени куќички (од една од нив Мајк Хамер едвај се спаси кога лековерната девојка го отвори мистериозниот ковчег).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Бараш утеха во подвижните прегратки, ш’шкавите симулации, брановидните форми, кадите и леѓените. перничињата на прстите се набираат, твоите се лутат, сонцето пече, но ти тврдоглаво го протнуваш телото низ гумениот обрач, и се фрлаш во базенот, ја потврдуваш акватската теорија: кожата ти е мазна ко на делфин, под кожата имаш сало и си се родил обвиткан во Vernix caseosa, поблиски ти се морските цицачи отколку некаков влакнест, копнен мајмун.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Работи кои не смрдат, но и не мирисаат добро банкнота од илјада денари, кога ќе излезе од банкоматот; лубрикант на чија етикета пишува "гарантирано без вкус и мирис"; велосипед цела зима чуван во подрум; небањато дете, ама твое; купачи носени во базен, после три дена; рацете откако си лупел компир; она за полирање пластика во кола; стог сено среде поле; парфем кој си го добил на подарок од некој што не те знае добро; дупче од цигара на волнен џемпер; топол здив од крава; лифт во државна институција; ретко отварана книга, само за референца; автомобил оставен на +40, под сенка; каталози за козметика со опција "изгреби и помирисај" со помешана арома на печатарска боја и млеко за тело; нечии најдобри намери и наивни лаги.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
„Пак песна за секојдневието“ – одговараш ти, излегувајќи од заклучениот сандак што тие пред две минути го фрлија во базен.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Во бараката седна на клупата зад грубата маса и се задлабочи во идејата како во базен со млака вода.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ќерката на генералот Стојан, потајно викана дебелата Симона, се капеше во базен во некоја луксузна вила.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Неколку минути Симона пливаше во базенот. Потоа ѝ пријде еден набилдан дечко, со избричана глава и тетоважа на симболот на гардата на десното рамо – црвена роза пресечена од златно – жолта крива сабја.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Во “cyberwear” облечено лице, коешто има пристап до инфобанките, може веднаш од некоја инфобанка да 84 Margina #17-18 [1995] | okno.mk бара икони, коишто претставуваат петгодишно момче, како од палма паѓа во базен, и да им ги прати на пет пријатели во пет држави, коишто преку екранот присуствуваат на некоја coctail party во “cyber-reality”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ако не, „што има да се држите за старомодните поимања на барските заедници и идентитетската уметност?“ (16).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дали и натаму чувствувате „потреба за поврзаност со некој вид ЛГБТ-култура?“
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што излегува, тоа се објектите на кои текстописците од ТОНИ особено им се восхитуваат, кои им се подраги од невпечатливине, нискобуџетнине филмови од новите квир-филмаџии кон кои гледаат презирно (Ариел Шраг, дописник во форумот на ТОНИ и некогашен текстописец за Ди ел ворд, изнесува посебен презир кон експерименталниот квир-фестивал МИКС во Њујорк).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Проблемот е во тоа што она што е навистина старомодно не се геј-баровите и геј-бањите, не се ниту заедниците што тие ги создаваат, ниту сликите од Дејвид Хокни со момчиња што скокаат в базен, ниту романите за машкиот геј-живот од Ендру Холеран и од Едмунд Вајт – колку и да е сето тоа старомодно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во базенот пливаа разни чешити рипки и тие се насобраа да ги гледаат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А ние, малите гномчиња, се опивавме од чајот и крештејќи и кикотејќи се лежевме и висевме по малите педалинки како гротескни сплавови на медуза...бла, бла, бла. M И уште ова: кажи ми за разликата меѓу онаа и оваа држава.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Последните букви што отидоа беа следниве, дадени овде како филмски вратен скок во базен: „... Сонцето е крвник кој што со срповите на зраците ги сече главите на Сенките...“ 92 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
За Призрак п. Сенка, накнадно
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
НОРА:Беше тоа времето кога игравме нособојка трчајќи на ноктиња по турската чаршија и потоа јазејќи се по олуците-тобогани се плескавме во базени со чај, каде кралицата Балонезе спокојно го чекаше својот плен, мамејќи нè со магичниот ѕвон на клучевите од нејзините златни подземни кафези.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Како изгледа да паѓате наопаку или во базен полн со вода да чувствувате “вкус” на силно пустинско сонце и песок?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)