Потстанав. Го сонував одново истиот сон во кој дедо ми заминува во багажникот на модерен автомобил, налактен на шареникаво ќебе, во удобен дрвен ковчег од кој ми мафта како пред интересно и важно патување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Се спуштавме по таа страна на Галичица како одврзано летало, клацкајќи се на свиоците како балоните во багажникот, а кога слеговме на Преспа не продолживме кон Отешево туку свртивме кон Стење.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Волчјакот душка под седиштата, скокна во багажникот, слезе, се нафрли на гумите, на ауспухот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Изгледа сфати дека тоа е негова обврска и послушно еден по еден ги мести куферите во багажникот и на крај проверува дали добро се наместени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Додека се сместуваа меѓу торбите и го палеа старото количе, Богевци забележаа како Фотевци се нагодуваат пред да влезат во автомобилот: Маре беше за тоа подарокот да го стават во багажникот, а Фоте на седиштата; најпосле, разбирливо наваса генералот, па Маре неубедена мораше со подарокот в скут да влезе во колата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Со рака му давам знак да ги подигне куферите и да ги стави во багажникот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)