XXXVI Татко продолжи да оди во Архивот, но без надеж дека ќе може нешто да промени, да ѝ застане на патот на планираната стратегија на Мирон Донски, конечно, да биде отстранет од сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Заслужени зборови му беа искажани и од многумина вработени во Архивот со кои беше минал долги години заедничка работа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Токму во тој период, во Архивот се подготвуваше печатењето на вториот том на битолските кадиски сиџили, под наслов Турски документи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Неговите пријатели во Архивот, како да сакаа, сите здружено, еднодушно, да му дадат морална поддршка, во замена за сето она што му беше грубо одземено од Мирон Донски.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Еден примерок на „ Тајмс“ кој, поради промените во политичките сојузништва, или поради погрешните предвидувања изречени од Големиот Брат, бил исправен можеби десетици пати, стоеше во архивите носејќи го својот оригинален датум, и не постоеше ниту еден друг примерок за да му се противстави.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не доцнеше ниту Мустафа С, кој дојде со една старотурска книга во ракопис за да ја протолкува Татко и потоа да ѝ ја одреди судбината: дали ќе заврши во Архивот, Институтот за историја или во ориенталниот фонд на Националната библиотека.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Старата излитена чанта, надуена од неколкуте книги во неа, му го враќаше некогашното достоинство кога чекореше врз калдрмата крај реката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко не доцнеше на закажаната утринска средба, носејќи ја старата цариградска чанта, со која го мина работниот век во судовите, а подоцна и во Архивот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И во случајот на Долнец беше така. Стапка по стапка, од архив во архив, фотографија, скица, разговор со овој или со оној.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се води под бр. 246/ 60 и се наоѓа во архивот на Владата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)