Земскиот бог те фрли во арена опкружен со злите кучиња за прести а тој одозгора сеирџиски ве гледа и смртта ваша за него е фетиш
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
И З.З. упатува ревносен поглед кон мравките неоти го интересираа, туку тој повеќе го следеше мојот поглед, секое мое движење во арената.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Какви, бе, мравки ти се видоа како победници во арената?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Чекорам како во арена и предизвикувам восхит. Со маска на лице.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Како да бараат пат во арената, небаре се од прикаска - мазни, бели се појавија два коња со накривени и гордо дигнати глави, загледани во својот висок сув дресер само со по едно око.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се чувствуваше непобеден медитерански лав излезен во арената на животот, кој зад себе ја имаше оставена живата творба, туниската држава, која остана модел во Магреб и Франција, за избегнатата колонијална војна како во Алжир, ги избегна крвавите последици од религиозните судири.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Започна во тие години позачестено да го чита Коранот и најчесто да запира на сурата: Бог нема да ги измени луѓето ако не се менуваат самите!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Август, публиката протестира кога ќе те види во арената.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Изветреен си ти, Август, сосем изветреен. Публиката се проѕева кога ќе излезеш во арена.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Решението за ревитализација на јавната сфера, според Хабермас, би опфатило „отпочнување на критички процес на јавна комуникација преку истите организации кои посредуваат со него“. 101 Сепак, „Структурната трансформација на јавната сфера“ не дава специфични предлози како да се постигне ова.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Во неговите подоцнежни дела, Хабермас е малку поголем оптимист во поглед на можноста јавната сфера повторно 99 Ibid., p. 206. 100 Ibid., p. 8. 101 Ibid., 232. 89 да се врати во арена на критичка и автономна дебата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)