во (предл.) - ангел (имн.)

Единороден сину, Исусе Христе, распнат за спасение на народецот наш, помилуј нас, помилуј нас, помилуј нас и мојата молба услишија, ангел стори ме, во ангел престори ме, сину божји, Исусе Христе наш, ангел стори ме, алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од некое свое засолниште утот Утариус ми посака среќа: Не верувам во ангели, но ако ги има нека те вардат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Таа секој ден, откако ќе се измиела, откако ќе ги тргнела пердињата од очите, влегувала во Телото Исусово, за да си ја успокои душата, за да се освети и просветли, повторувајќи молитви искрено, чисто, простодушно: Господи, Боже наш, Ти кој си на небото, Создателу на земјата и на сета твар, Ти кој гледаш сѐ и си милостив и си жалостив и си справедлив, спаси ги душите на народецот наш и мојата молба услишија, ангел стори ме, во ангел престори ме; Господи, Оче наш. Алилуја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ПРЕДЕЛ НА ИЗМИСЛЕН СВЕТ
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Квечерината, кога ќе се вратело миризливото ветре во дворот, опрашено од поленов прав и полско билје, а со него ќе исчезнела реата од купечки мириси и нечистотии, таа повторно се миела за да го симне валканото од себе, повторно ќе влезела во молкот манастирски и шепотно молитвела и го молела Светиот Дух за спасението човечки и преображението свое: Свет Духу, во мене влези, засолни се, со светлина озари ме, со ангелска лика надари ме, ангел стори ме, во ангел престори ме. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Иако сега забележувам и некои потскриени детали: сенка на прогонетиот во долниот лев агол на платното (и раце што во бекство заличуваат на гранки од дрво).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И преминот во ангел се случи лесно, како на ембрион што се ослободува од својата извонредно нежна мембрана (иако внатрешната вода малку се наоблачи) и се испилува од кожурецот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)