Досадни се и овие травеститиве преоблечени во авторитет... Па, добро, Сашо, не е толку страшно, прашај го господин Страшо! (во тој момент во просторијата на Сашо, влегува еден негов пријател сликар, Чкртко-Шкртко Вртко Ртко ко „О“ што изгледа, а чие вистинско име Сашо ми забранува да го спомнам) Имаш стан, огромно дрво во дворот, другар што добро ги продава своите слики... (во разговорот се вклучува Чкртко-Шкртко) Чкртко-Шкртко: Ма, макетонецот е генијален уметник, само не го бидува за организација, за бизнис, за политика... Не заебаај, Твртко-Вртко, ти мал маусдонецу ко мравка вреден!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)