во (предл.) - секаков (зам.)

А сега едни од нас гледаат на себе како на Бугари и ги соединуваат нашите интереси со бугарските и наместо да ја изучуваат Македонија во секаков однос, наместо да ја изучуваат историјата на Македонија во сите времиња, ги изучуваат бугарските интереси и бугарската историја и не честопати оние периоди од неа што немаат никаков однос кон Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше една од оние што можат да заспијат во секое време и во секаква положба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во ниту еден случај, не можеш да наидеш на творец кој ќе каже, „Не сум добар поет како Конески, па наместо да ја тровам нацијата со лични творби, ќе ги учам неговите на памет и ќе ги декламирам во секакви пригоди“ Недстигот на таквата доблест, прави нашата книжевна средина да биде исчистена од авторитети.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За Македонците, згутавени во беда и неизвесност, по плитарски и каменоѕидни куќи скоро без прозорци или по зандани, едни, а други собрани во секакви војски, иднината е нејасна, повеќе матна и разбуричкана отколку привлечна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Врежување, прободување, саморанување и исцрпување на телото во секаква форма го прават основниот репертоар на постапки со коишто овој модерен примитивец од Лос Ангелос се служи во своите театарски остварувања.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова е ниско - дури и светиот бес на Ласло Тот повеше се претпочита во споредба со ова. превод: Сенка Наумовска извори: FlashArt 6/97, Frieze 6/97 Маргина 37 53 пример 5 Athey Ron Athey (р. 1961) е радикален театарски уметник од Западниот брег на САД.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Оттогаш, поетскиот јазик навлегува во секаков вид авантури.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Малиот Мечкојад, прцулче во секакви партали, прашал кога ќе умре Јаков Иконописец и некој се насмеал (- Господи, рекол, ни децата не се веќе деца), а тој настан, навидум без значење, ги обележил триесетте и неколку години на Мечкојадовото лице со триесет и неколку брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Моите коски, раскажувал подоцна, биле премлади да се распаднат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мртвите беа отидени под земја, тој отиде да го дојаде ланското јаболко што го држеше во рака и што го начнал пред да се наведне над мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Погледни, твојот братучед ми заспа в раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ломбачките нозе му беа исповиткани во крпишта и во секакви сури кожи во митарење. Го болеа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во доба кога на Бродвеј била забранета секаква геј-денотација, мјузиклот вршел операција со многу поголема геј-изразност, и тоа „двојна операција: не само да ја ‘крие’ хомосексуалната желба туку и да покажува, во секакви средини, широка мрежа на скривалишта – наречете ги и латентности – очигледно префабрикувани за таа цел“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се фаќав во секакви позиции!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го помина речиси сиот живот во егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се најде во секакви ситуации во животот, во кои ретко кој се нашол.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби утре кришум ќе доаѓаат и ќе го откопуваат плодот на мракот и влагата, за себе, за своето вревоносно и неподносливо друштво, ќе ги киселат во секакви мали и големи тегли и ќе чекаат есенска анасонка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Луѓето со најголема готовност нетрпеливо чекаа што поскоро да чујат што треба да направат и ненаситно да се вдадат во секаква работа заради некоја иднина каква што тие воопшто немаа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Имено, додека 79 Tim O’Sullivan et al., Key Concepts in Communication and Cul- tural Studies (London: Routledge, 1998), 250. 80 Jürgen Habermas, The Structural Transformation of the Public Sphere: An Inquiry into a Category of Bourgeois Society (Cam- bridge, Mass:MIT Press, 1989), 27. 81 Andrew Edgar and Peter Sedgwick, eds., Cultural Theory: The Key Concepts (London: Routledge, 2004), 227. 72 дискусиите за идејата на јавниот простор секогаш имаат нагласено просторна димензија и се однесуваат на специфични јавни места, дебатите за јавната сфера обично не поседуваат таква просторна димензија.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За Хабермас (чијашто теорија за структурната трансформација на јавната сфера и нејзините импликации врз демократијата ќе бидат разгледани во повеќе детали во Глава 3), јавната сфера е универзална и затоа во секаква значајна смисла „просторно неиздиференцирана“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)