Замисли во каква ситуација ќе се најдеш ако ти и понатаму настојуваш да му докажуваш дека е дење.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Јас им велам“, рече Пере, „тоа не е ваша работа или, еве да речам, наша работа, тоа си е, велам, нивна работа, кога ќе дојде и како ќе дојде, и во какви односи се“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Еве вака почна измачувачката работа (која секако не беше неопходна, особено не за лицата на моја возраст, а што е уште посмешно, никој не го бараше тоа од мене) која го претвори мојот мозок, ма не во карфиол, можеби тоа е и премногу убав збор за тоа во каква состојба се наоѓаше моето мозоче, туку во состојба на препечено јаболче, од кое се извадени сите животни сокови.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Креаторите на „Треска“ доаѓаат од Келн преполни со идеи и скици за тоа во каква функционална форма и единство ќе биде претставен мебелот од полиуретан на нашиот пазар...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ја затвори така што Бузо подивено и напразно настојуваше да излезе кога дона што го снајде и во каква замка и чорбичка западнал.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Од тие причини Министерството за надворешни работи на Велика Британија барало предвидените членови на британските воени мисии во Македонија воопшто да не се мешаат во какви и да било политички дискусии за иднината на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Татко дури сега стануваше целосно свесен во каква игра влегува.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Така, држејќи се во каква - таква рамнотежа, како одненадеш испливан средорек по секнување на поплава, небаре гранична плута што се додржува до замислената точка без да дозволи брановите да ја одвлечкаат на едниот или спротивниот сув брег.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Која ли цвета сега? Не цветаше ниедна, сите беа процветани со отпаднати латици, имаше само на некои неколку пупки на кои не се познаваше во каква боја ќе се развијат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Немаше сомнение дека голема змија лежела таму, точно во таква позиција во каква што ја виде таа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Си мислам, сине: во каква болка Некогаш ќе се витка мојата жедна душа под неколку жолти цветови - Коњот сега кајшто си сонува.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сакал или не, со конечност увидувајќи во каква положба се наоѓа, не можеше а да не го согледа единствениот можен излез: претстојната, неизбежна, несакана, но и спасоносна посета од невидливиот последен гостин кој, каде и да е, со оглед на неговите години и пораките што ги добива преку телесните тегоби, ќе дојде без да заѕвони, без да тропне на врата, без да направи шум што ќе го насети неговиот грифон.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сега моите посетители почнаа речиси неисцрпно да кажуваат кој, каде, кога и во какви околности успеал да види некој црн човек.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Кажувај“, велеше, „кажувај во каква тајна врска сте вие двајцата со нечестивиот!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Есејот беше напишан за една ноќ, со многу вино, што може да се забележи, според наместа неповрзаните асоцијации; јас и денес ги гледам тие места, но не ги коригирав, за да можете да сфатите во каква емотивна состојба сум бил тогаш.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ме праша во каква врска сум со ученичката Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Со каква самовозљубеност го извади пергаментот од под својата риза, и како само го разви свитокот, и како читаше, и во каква поза, како трубач небесен!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не бев сигурен во каков лов се упатил мојот декоратер. –За Криви Дол имам слушнато.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А тој, Маџунката, се ми се чини дека си го сонил – прашувам јас? - Навистина постои.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во секој случај", таа малку подоцна додаде "зарем не е најдобро, во случаите како мојов, да го заборавиш она што се случило и да се помириш со фактот дека раѓањето на синот било лична желба на мајката а не обврска на некој друг!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или, кажи ми ти другар“, наеднаш без причина се вознемири Таша, „мајката пред својот син во какво небрано лозје ќе се најде ако мора да објаснува дека таткото можеби веќе и не постои.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во какви односи станаа Македонците со нивното национално разбудување кон балканските народности и дали позицијата што ја зазема сега Внатрешната револуционерна организација по прашањето за народноста на Македонците Словени е таква од која не може да се оди понатаму, или пак треба од неа да се направи уште еден чекор и Македонците да се јават приврзаници на националниот сепаратизам со примањето на централното македонско наречје за општ македонски литературен јазик?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Прво ќе го прегледаме прашањето: во каков однос ќе станат комитетите и македонската интелигенција кон едно ново национално течење сред Македонците, коешто бара не само политичко, ами и национално и религиозно ослободување на Македонија, т.е. кон едно течење што прокламира „Македонија за Македонците” против сите претенденти на Македонија, во тој број и против Бугарија и Бугарите?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тогаш, во топлината на селските куќи во какви што никогаш не живеел, тој сфаќаше колку во тој миг му треба да ја слушне музиката и колку многу му треба да ја сети жената што ја љуби.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ете, во каква станбена и инаква состојба ме најде случајот со ѓонот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Не, не можеш да го зафрлиш животот во каква и да е јама.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И во какво расположение треба да бидеш за да посакаш да го прегледаш овој материјал?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мислам, во какво светло.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во текот на секој месец тој макар еднаш наминуваше кај Петрович да поразговара за шинелот, каде е подобро да се купи сукно, и во каква боја, и по која цена, и иако по малку загрижен, сепак, секогаш се враќаше дома задоволен, помислувајќи како најпосле ќе дојде време кога сето тоа ќе биде купено и кога шинелот ќе биде направен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пишувајќи ја книгата се обидував расеаните зборови (и расеаните светови) да ги доведам во каков- таков ред. Затоа ја нареков речник.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И така, претпазливо и со влечкање се доближи до кучето припивајќи ги мачињата околу себе и држејќи го кучето на нишан, постоја неколку мига, а потоа забрзано, бегум, мина крај него со мачињата кои не сфаќаа во каква опасност се наоѓаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
LIX При преселбите на нашето семејство за Татко, главниот стратег на егзилот, пресудно беше да ја загнездиме судбината крај брег на река, езеро или море, а за Мајка најзначајно беше во каква куќа ќе се вселиме.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но таа, за секој случај, ја носеше со себе врската со клучевите од нашите напуштени куќи, првин крај Јонското Море, а потоа крај Охридското Езеро.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во тие денови не едно од децата туку ќе се штрекне среде ноќ, туку ќе скокне од креветот, зар мислите се виѓаваше во каква жалосна состојба се наоѓа, - просто го тера нешто и тој летајќи излегува од спалната. Птица.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Илјада пати подобар од Винстон, тој знаеше каков е навистина светот, во каква деградација живее масата човечки суштества и со какви лаги и варварства Партијата ја одржува таквата ситуација.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Погледни во каква состојба си“, рече тој.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Власта е способност да се раскинуваат човечките умови на парчиња и повторно да се составуваат во каква сакаш форма.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мислам, воочи јасно, самата виде Во какво сиво се обоил овој наш свет што проклет, го градевме и живот ќе дадевме за сѐ да биде светло и фино Многу лета изминаа оттогаш Некои незаборавно, некои брзо, некои бавно, И ниту еднаш не почувствував вина А сега...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Пред сè не знаеше во каква состојба е.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Судијата сфати во каква состојба се наоѓа жената и ја остави да ја искаже целата своја мака.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
„Ти многу добро знаеш во каква состојба бев доведена во домот на твоите родители.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Зависи многу во каква установа работиш.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Откако се сместија во авионот и кога сфати во какви околности патува кон својата земја, на Марија ѝ се стегна грлото.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Како да можеше некој невидлив постојано да набљудува во какви услови живее нејзиното дете.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Или само сакал да провери во каква состојба е таа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Всушност, Марија не знаеше во каква незавидна положба се најдоа мајка му и татко му на Хелвиг, откако тој се ожени за Марша.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Од каде можеше судијата да знае во какви услови беше доведена во семејството на тој нејзин маж?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Да ја запознае со неговите. Да види од какво семејство потекнува. Каде, во каква куќа живее.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не е важно какви благородни мисли има во твојата глава, или во каква деликатна ситуација се наоѓаш, некои отрови треба да се исфрлаат од телото.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
ТРОШЧЕЈКИН: Да, се чини дека луѓето почнуваат да сфаќаат во каква положба се наоѓаме ние.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ах, Аљоша, ако ти не беше таков и толку нагнетен само со самиот себе, до одвратност, до темнина, ти, веројатно ќе видеше што направи од мене во овие последни години и во каква состојба сум јас сега.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Јасна си доаѓа дома, па по кратка инспекција сфаќа кого затекнала и во каква состојба.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Какви војни ќе донесе иднината на Балканот, во какви граници ќе нè окова.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Ха, - се насмевна Французинот. - Зависи во каква смисла ќе се употреби...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ете, и тоа ми го имаше речено иако не се сеќавам во какво време го тропна; дали пред да ѝ ги донесам симидите или кога веќе ѝ ги подавав?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Беше време во какво никој друг да не се роди, Господи.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Сосема несвесна за она што сум. Во кое време се наоѓам! Во каква состојба.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Да го прашам на пример во каков заговор се вплеткува со надворешни луѓе?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Ќе сфатиш и ти во каква деликатна положба се наоѓам“, вели, „и затоа мора веднаш да се сретнеме!“
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ах! кутриот човек!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во каква состојба е! За жалење е!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Навистина невозможно е да се каже во каква умствена состојба се наоѓаше.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Неговите очи беа живи.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Татко ти е толку бесен!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Можеш да замислиш во каков шок беше од глетката на откорнатата рака.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Настапи тишина од која на човека му се присторува дека ќе потоне којзнае во каква бездна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„А зошто не пишува“ прашува татко ти „во каква состојба треба да се предаде“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Руски, што сакаш да речеш“, велам јас, „дека може да го предадеш и во делови?“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во непосредна близина е коритото на реката Вардар, значи, има изобилие на подземни води, влажност, поради летни горештини обилни испарувања, и сето тоа создава една ужасно кошмарна состојба, би можело да се спореди со некаква пеколна атмосфера во каква што секој миг може да дојде до експлозија!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Значи, тоа не било сон, тоа е простор во каков што живеам...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Како овластен застапник на интересите на НКОЈ бил назначен Рудолф Бичаниќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, во првата половина на март 1944 година, американскиот печат го пренел на своите страници писмото на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија, упатено до министерот за финансии Хенри Моргентау, во кое се барало да не се дозволува вадење на нејзините депозити што се наоѓале во Државната благајна на САД во каков било износ и од чија и да е страна, без согласност на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
- Во каков дуел? – ме прекина внесено А. А. - Во дуел за да се види кој е посилен, подобар.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И на нашите највисоки државни тужители, ниту на кое и да е друго јавно или приватно лице тоа нема да им биде возможно или дозволено, кога и да е или во каква и да е прилика тоа да се спомнува, обвинува или прогонува на кој и да е суд или судска власт.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
II. Им забрануваме на сите наши поданици без оглед на нивната положба или професија да го оживуваат споменот, да се напаѓаат, да се навредуваат, да се караат и да се предизвикуваат еден со друг со префрлања во однос на она што се случило, без оглед на причината или околоностите, да се расправаат, да се оспоруваат, караат, засрамуваат или навредуваат со дејства или со зборови; нека се совладаат и нека живеат заедно како браќа, пријатели и сограѓани, а кршителите ќе бидат казнети како кршители на мирот и нарушувачи на јавниот ред.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
III. Одредуваме католичката, апостолската и римската вера повторно да биде воведена и воспоставена во сите краишта и места на нашето кралство и земјите што ни се нам покорни, каде што беше нејзиното делување прекинато, и затоа така мирно и слободно ќе се изразува без каква и да е тешкотија или пречка... okno.mk | Margina #32-33 [1996] 94 (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Мајстор Пивце дојде веднаш штом му кажавме во каква неволја сме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Беше свесен за некоја беспомошност во каква што се најде како дете кога првпат доживеа земјотрес, кога човек е принуден чиниш да си рече, Па сега нека биде што ќе биде.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не успева социјализам во олку студена земја, велат, којзнае во каква агрегатна состојба ќе се претвори.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Решителен и смел, тој “на смртта гледаше како на една среќа во животот и секогаш насекаде ја сакаше, без разлика во какви услови би се појавила таа,“30 стига да му служи на делото за кое се борел - на Македонија31.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа било разбирливо кога се знае во каков хаос го фрлиле гемиџиите градот со своите бомби, кога никој не знаел точно што се случува, а властите, секогаш наклонети да ја кријат или изопачуваат вистината, давале информации што често биле сосем спротивни на вистинската положба.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)