Мајка ми била толку многу осамена, тажна и исплашена во истиот тој кревет, иако не морала да стане во шест часот наутро, да ги слуша вестите и да го поздравува знамето (кое и да е) ниту, пак, да јаде парче леб со салама или кашкавал, ако имала желба за некаков друг оброк сосема различен од тој. ...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Едно бонбонче го делевме сите тројца заедно, мајка ти, Пане и јас.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Секое сабајле станувавме во шест часот, се строевме по височина, го кревавме знамето и ги слушавме најновите вести.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
ќе ви речам - затоа што во шест часот можам да стигнам дома на вечера”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Придружен дел на овој текст беше и едно интервју кое Buzoni го направи со Вулкански некаде 1992-та и кое беше објавено во една од книгичките во шест примероци, од кои Маргина нема ниту еден, такашто тоа интервју (според некои индиции доста значајно, бидејќи самиот Вулкански открива некои „автопоетички“ шифри за провалување во неговите текстови) може да се смета за загубено (по потрагата што ја преземавме). okno.mk | Margina #22 [1995] 77
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Исто така, целото дејство го снимив и од далечина.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Вечерта разговаравме во шест очи.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не ме принуди да ги поткажам моите другари и другарки.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На изборите победи коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 44 пратенички мандати.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 5 јули 2006 се одржаа петтите парламентарни избори според пропорционален модел, во шест изборни единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Дванаесетмина живеевме во еден двособен стан на Втората Јужна Улица.Сите спиевме во шест кревети.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И нека се знае, преку говорот на летописот, за вас кои доаѓате: тројца бевме, Лествичникот, Филозофот и јас, Иларион Мозаичник, во шест илјади триста седумдесет и второто лето Господово, на вториот индикт од создавањето на светот, во месецот петти, ден од месецот тринаесетти; слегувавме, за третиот печат од вратата на одајата кобна да го отвориме, по третпат во неа сподобие човечко да влезе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Затоа веќе не е релевантна.140 Сега, кога имаме (некакви) геј-права, па дури и геј- брак (барем во шест држави, како и во Канада, во неколку европски земји, во Јужна Африка, во Аргентина и во Непал), чувството на исклученост, а и на посебност, кое геј-мажите долго го чувствувале веќе е застарено.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Знам дека ми се ближи роденденот, и дека сакав оваа година да го прославам со Џон (тој е на 14-ти, ја на 7-ми, три години разлика), да свириме во шест попладне помеѓу зградите на Астор Плејс, кај што он вика дека саксофон звучи магично.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Евдоксија воведе нов ред. Будење во шест, седум десет минути гимнастика (помалите не правеа гимнастика), потоа миење, облекување (алиштата ни беа се попарталави) и потоа појадок.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се запишав веќе во шесто одделение и бидејќи бев висока по раст ми се чинеше кој знае колку сум голема.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Утрото, на ден пред заминувањето, во малечки куферчиња го прибравме она што ни беше потребно за до крајот на животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Едно утро војници разнесоа списоци во зградите од нашата улица, со упатство што сѐ ни е дозволено да понесеме со себе, и наредба на дваесет и деветти јуни таа 1942 година, во шест наутро да бидеме на железничката станица на крајот од квартот во кој живеевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Камионот со поштенските пратки поаѓаше од поштата во Штип во шест часот наутро.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Tantalazing Stories излегуваше во шест редовни изданија, плус специјалниот колор- додаток, Frank in the River, кој во 1992 год. доби награда за „Најдобро поединечно издание“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Круцијалниот проблем беше дека наставниот кадар не разбираше дека ако станиш во шест ипол насабјле шансите да ти се спие се ептен големи.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Требаше да станеш од рано-рано. Да се нацрташ пред школската зграда некаде во шест сатот, ко да му се токмиш да одиш Стрежево на риби.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Кога се врати од Цариград, Татко донесе и еден том од Енциклопедијата на историјата и географијата од Сами-беј Фрашери, во шест тома на 4 830 страници, која го прослави авторот на првата турска енциклопедија од таков вид.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Помина телалот рано-рано и објави дека денеска во шест часот по турски, на пладнина, ќе бидат погубени на Атпазар двајца бунтовници од Мариово. Еден поп и еден мирјанин.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Затоа тој нареди да објави телалот дека денеска во шест часот – на пладнина – ќе бидат јавно спалени на Атпазар двајца бунтовници од Мариово.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Составена е од една фуга во три гласа, една во шест, десет канона и една соната за трио.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кралот бил восхитен од умешноста со која неговата сопствена тема била отсвирена на импровизиран начин, и, веројатно со цел да види каде се границите на таа умешност, изразил желба да чуе фуга во шест гласа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
ГЛАВА XV Излегување од системот Конструктивните мисли на еден пушач на луле Авто-реф и Авто-реп Великрак, навистина ГЛАВА XVII Черч, Тјуринг, Тарски и други SHRDLU, Да се чуе гласот твој ГЛАВА XVIII Вештачка Интелигенција: минато Контрафакт ГЛАВА XIX Вештачка Интелигенција: иднина Канон на мрзеливецот ГЛАВА XIX Чудни Јамки или Заплеткани Хиерархии Ricercar во шест гласа превод на Воведот и Канцер Канонот: Хашим Кучук Хоки превод на Канонот со зголемување на интервалите: Г.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
За да може да си претставите што тоа значи - фуга во шест гласа, доволно е да се каже дека сиот Добро наштиман клавир, што значи четириесет и осум прелудиуми и фуги, содржи само две фуги во пет гласа и ниту една во шест!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Веројатно не би погрешиле ако импровизирањето на фуга во шест гласа го споредиме со шаховска симултанка со шеесет противника, под услов да се извојува победа во сите шеесет партии.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Фугата во шест гласа е една од најкомплексните творби на Бах, а како тема, се разбира, ја има кралската тема.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кога дојде времето да се замине во ресторан, меѓутоа, таа веќе не можеше да издржи, и покрај тоа што Френк беше доволно внимателен во шест и пол да ја повика галеријата и да каже да не се грижи; немал болки и сѐ е во ред, но сепак решил да одседи додека е густо - „додека е ретко”, се исправи - и да пушти брзалицата да мине, извини на изразот и не забо равај: тирамис.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во шест часот мајка му донесе супа. Не ја ни допре.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Маријанти им се восхитуваше на албанските морнари кои точно во шест часот наутро излегуваа на рамнинката и десетина минути вежбаа со пушките.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Станување во шест часот наутро, во седум појадок, во еден ручек и во седум вечера.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Вилијамс Микс (1952) е каталог од околу 600 различни звуци класифицирани во шест категории.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Роцарт Микс (1965) и Њупорт Микс (1968) се состојат од голем број симултано репродуцирани бесконечни ленти без никаков однапред утврден план.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа се композиции во кои се користи техниката на бесконечна лента во различни видови организација.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дури и да е осум, во шест треба да си станат ако сакаш да стигнеш да го фатиш авионот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се разбуди невообичаено рано, во шест изутрина.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Со секое доаѓање во шест попладне, кога ми почнуваше смената имав посебен ритуал.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Додека сум стасала пеш во студеното утро, веќе ме беше фатило шест и пол часот. А смената завршуваше во шест.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)