Истоимениот дојде до клупата, малку се поуми беспредметно барајќи се со рацете долж ременот на панталоните в лево и в десно. Не се ни обиде да изусти збор.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тркалезнообразен но со истакнати вилици и како вегав, те гледа со главата свртена в лево, како некоја граблива птица.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ако само малку се подзаврти в лево, ќе ѝ го допре голото рамено. На Германија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Не оди – подвикна здишано – ќе заобиколиме... Слушаш? Свртија в лево.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Излеговме на главниот пат и, на три километри пред Алма Ата, сечиме в лево.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Збунет, се обѕрна в лево и в десно, го забележа моливот во раката на Мицета Кокалески до него, му го дрпна од рака, зачука со него по масата и повтори: „Тишина во салата!“ рече затропувајќи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)