в (предл.) - десно (прил.)

Се движеа тивко меѓу ниските грмушки насадени крај плочникот до реката, а потоа свртуваа в десно, го преминуваа Мостот на Револуционерот и се спуштаа надолу, незабележано влегувајќи на споредната врата од ресторанот „Кај Таки“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Ќе копам три на три“, ми вели Јован и уште сега, претпладнето, си ја подзабришува потта од челото и си ја зафрла русата, права како праз коса, назад в десно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Збунет, се обѕрна в лево и в десно, го забележа моливот во раката на Мицета Кокалески до него, му го дрпна од рака, зачука со него по масата и повтори: „Тишина во салата!“ рече затропувајќи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот излезе од ресторанот „Пушкин“, искачи нагоре до центарот, тука подзастана, поразмисли и заклучи дека заради прездивнување ќе слезе тука в десно и ќе оди да седне на уште едно кафе на отворено каде што беше вчера.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Истоимениот дојде до клупата, малку се поуми беспредметно барајќи се со рацете долж ременот на панталоните в лево и в десно. Не се ни обиде да изусти збор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Отидоа. Гаражата беше на едно отворено место в десно од патот, на влезот во Брамптон.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога тој се врати со списокот на јадењата, авторот го зеде, го држеше на масата како поттурнат в десно, некако далеку од себе и му рече: „Слушај! Додека јас читам, донеси ми едно шише бела Александрија!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа е чергата. Полека ја извлекува раката и ја движи в десно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој на истиот начин секогаш се поместува в десно да можам да поминам за да му го дадам зобот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Овде сум со моите сестри,“ реков, и со погледот покажав в десно, каде што седеа Паулина, Марие и Роза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А ти?,“ прашав. Од Прага е, рече. Има ќерки, разведена е.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)