Тие ретроградни процеси, тие обиди за спасување на еден монопол со друг, денес се одвиваат кај нас, и затоа моментно сме во слепа улица, бидејќи секој монопол е слепа улица, од неа нема друг пат, мора да се удри в ѕид.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Мајка ми тивко го молеше да запре, не се оди со глава в ѕид!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И бори се сам против нив, против сите нив, удирај со глава в ѕид.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А.А. не веруваше дека разговорот ќе оди по старо сметајќи дека сум извлекол доволно поуки да не одам со главата в ѕид.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
В ѕидот, пак, ко в кафез птички крилца го кршат тие гласот свој. Ткаејќи, таа слушна плач.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)