в (предл.) - шума (имн.)

Веранди, тремови и шупи, на врвот од планинскиот венец, в шума вметнати - овде Рене неколку недели требаше да го заменува главниот лекар.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тесна, карпеста патека ги вовлече в шума со високи борови. Мирис на гнилеж и смола.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А стравот каде тера? В шума. В планина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зборовите, тие врели капки смола, посилно печеа од ударите на невидливите мали чекани и разбудувааа нешто далечно, нешто склопчено на некое дно уште таму, в шума, крај вечерните огнови на смоларите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А гинеле. Еден Манол, од нашите села бил, загинал кутриот уште во првиот ден по излегувањето в шума. Во првата борба...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кон полноќ се кренавме и избегавме в шума.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ти не си роден да живееш човечки живот” - му велеше жена му. „Ти си роден за в шума...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ќе влезеш в шума... А таму, на највисокото дрво, стои сојка и те гледа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А што е најважно - и сметките ќе бидат расчистени за сѐ што беше досега: и за колибите, и за предавството на Мира и за она фалење од Буза дека е подобро Лагачот да живее в шума или негде далеку и скраја од земјава, зашто еден ден ќе биде ликвидиран, само да му падне в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Елките в шума се многу поубави, - рече таа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- В шума еднаш бегавме, велам јас, и пак не се скривме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сега пак да бегаме, вели Јоше Свирачот. - Кон кај да бегаме, кога не знаеме од кај ќе дојдат, велиме. - В шума, вели некој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас, молчејќи тргнав со нив. Преку нивје, нагоре, в шума.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)