в (предл.) - училиште (имн.)

Вечерта кога седнаа сите да вечераат татко му го запраша: - Што има ново в училиште? - Па, ништо... затегна Бошко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Утре в училиште сите деца ќе велат: - Мачето од Милка е најубаво! Нацртано е како да е живо!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Туку ти не си бил никогаш в училиште и не знаеш како е тоа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Утре в училиште сите деца ќе велат: - Мачето од Милка е најубаво! Нацртано е како да е живо!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Без татко ти не враќај се в училиште!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- А по колку учители имате в училиште? - прашуваше. - А кој ќе знае...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Немате слушнато за Иван? Додека не тргна в училиште го викав Ване.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Немало кој да го поттурне таквиот предлог, во колку воопшто постоел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, мој Иван не го избраа за народен херој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Долу беа тетка Данче, чичко Кара, Влатко и Весна, сестра му која е многу поголема од Бреза и оди в училиште, но има трпение со неа да си игра со часови. Нè викаа да прошетаме до паркот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од тој ден постојано пишувавме. Пишувавме в училиште, пишувавме и дома.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- Колета го викнаа пред малку в училиште. Валкана е работата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Денес јас сум среќна братче ми се роди секој ден в училиште за раче ќе ме води.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сега Билјана оди в училиште и не ѝ е лесно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И така, наша Весна е дежурна. А тоа ќе рече дека станува рано, дека убаво се мие, се облекува, си ги чисти чевлите, јаде брзо и уредно и трча в училиште.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дежурна е в училиште, а не дома - ќе речете.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)