в (предл.) - оган (имн.)

Ќе не повлечат и нас да влеваме в оган, бесот да и вате! — се замисли Толе и нареди на еден од четниците да види што стана со ручекот — да го забрза.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако и сардисаат како на Маргара, ќе се влева во бој, нема чаре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Болката под превивката вриеше, се готвеше да вивне од потајност в оган, во душата му се лееше и претекуваше матна тага.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Што требаше да ми рече? И што значи она фрли ја в оган?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не ве разбирам. Ви се допаѓаше! Самите ми рековте дека е прекрасна. А сега ја отфрлате!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дали заклучил дека сликата можела да ја поттикне кај неа желбата уште за еден лет?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кога ќе бидеш слободен, земи ја! Ја симнав од ѕидот! Фрли ја в оган!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
3. Парадокс Ако „Бог ја знае мерата“ на бесмртноста и на злото кое „расте и зрее“19 тогаш нека гугне зошто бројките се зголемуваат а бесконечното се наближува кога – о, парадокси! – „секој ден сме сѐ повеќе во загуба“20 нека објасни -богат со средства и начини- кој ги благослови човекомрсците та в оган фрлаат сѐ живо и диво да му се сотре семето на семејниот Матери?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Од тие што ги најдовме, велат децата, од тие што ги фрлавме в оган за да пукаат, велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)