в (предл.) - нога (имн.)

Првин му беше наредено да каже кај ги сокрил парите што ги собрал божем за ѕидање црква; Кај мене се, бргу, рече: извади од пазувите едно кожено кесе и му го тутна в нозе на Ибрахим бег Јаузоски; Сите земи ги, бегу, викаше, само не оставај да ме понижат ајдутиве.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да му кажеш дека го вика мајка му на Зафира да дојде масло да свети...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: Согласи се, Костадине... Заради мене...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: (Му се фрла на Јордана в нозе}. Црна закопај ме, татко, не давај ме за Јован,.. Костадин го сакам...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ќе ѝ пукне резил на момата!... Збери си го умот, што правиш! Жив ти господ!... (Му паѓа в нозе).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
В нога“, одговори. „Под колено.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Знае понекогаш да ти дојде в нозе, да те подушка и да легне пред тебе. И тоа не секогаш.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Чако пак припнува, слушам како им се пушта в нозе, в жили, не ги остава да кажат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Си иди мама, си иди лебот, викаат и ми се фрлаа в нозе, ко кучиња ми се фрлаат, ме драскаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)