Жените мене в кревет многу ме ценат. Тоа ме прави да ги сожалувам. Кутрите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Намрештен на свеската, одам да легнам в кревет со жената.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Дали беше во прашање возбудата од првиот ден, големата збрканост, стресот, што би се рекло, следните два дена ги одлежав в кревет, во мала треска.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Да, но првото стои в место, второто штотуку почнува, а веднаш го следи треска што ме држи легнат в кревет.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Или во малку веројатниот случај да успеал, дури и откако те однел в кревет, докрај да се прави буч, сите други илузии ти се здробиле – според главниот лик во Приказни од градот од Армистед Мопен (1978) – откако потоа си отишол во тоалет и таму си му ја открил целата козметика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Лео Берсани јако го пренесува чувството на геј-посраменост поради неминовната пропаст на геј-мажественоста упатувајќи на „класичното спуштање: влегува буч во бар и се топори наоблечен во кожа, зинува и звучи ко пешован, те носи дома, каде што првата работа што ја гледаш му се сите дела од Џејн Остин, те легнува на кревет и – и другото го знаеш“.320
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, дури и по Стоунвол (или особено по него), предосудената тактика да се смажестиш и збучиш за да бидеш пожелен баш и не изумрела.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Запознавам некого... мажиште... во бар или на бања и ми се гледа баш онаков... каков што го сакам. Згоден мустак, фармерка ливајс, штиркана војничка кошула... снага-човек...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- А да не сакаш и појадок в кревет? - Тогаш веднаш стануваш генералица!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Наеднаш Ана се свртува кон неговото лице. - Ти си растроен! Побргу в кревет!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во принцип, членот на Партијата немаше слободно време и никогаш не беше сам, освен в кревет.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Каде и да се наоѓа, додека спие или е буден, додека работи или одмора, в бања или в кревет, тој може да биде надгледуван без предупредување и без да знае дека е надгледуван.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се прашуваше неодредено дали во укинатото минато било нормално да се лежи вака в кревет, во свежината на летната вечер, маж и жена без облека врз себе, да водат љубов кога ќе посакаат, да разговараат за што сакаат, без да чувствуваат никаков порив да станат, едноставно да лежат и да ги слушаат спокојните надворешни звуци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На сон или буден, додека работиш или јадеш, во затворен простор или на улица, во купатило или в кревет - нема спас.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Саканата му одговара: „Секоја жена е жена за сите мажи. За око, за допир, за в кревет“.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Пред огледалото ја извадив и преостанатата шминка, а потоа го превртив на себе лесниот фустан и зедов да се соблекувам за да одам в кревет.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Бев речиси спремна за поаѓање, но не можев да го оставам Методија болен в кревет.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Залегнат в кревет со криглата пиво го вклучив моето радиоактивно теле позната водителка ставила ботокс а јас од летаргија почнав да зевам По навика редовно мењав канали дневна политика, срања тривијални вести од светот дежаву војни курвите од Нато фрлале бомби
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Марије млада невеста носеше чорапа мрежеста правеше шеми на сто места уште во умот будалеста А мажето нежно папучар стана незнае која да фати страна до вечер доцна на работа црнчи а Марије в кревет до пладне крчи
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Тој беше голем, безвкусен, кршлив мразулец, снежен човек ставан в кревет секоја ноќ, преполн со конфетни сништа, ледени кристали и снежни луњи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Само помислив дека е малку чудно за едно дете да не е уште в кревет толку рано.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Ќе одат на некоја претстава, ќе слушаат радио, ќе гледаат телевизија, ќе играат карти, ќе ги стават децата в кревет, и самите ќе заминат да спијат, како и секогаш.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во осум и триесет ги ставија девојчињата в кревет и ги бакнаа за добра ноќ, ги вклучија малите светилки крај нивните кревети и ја оставија вратата подотворена.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- А што стана со Високиот? - праша Јован. - Удри со главата на карпата, а неговиот другар падна под предното тркало на камионот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Море како останав жив, прашај ме, - со навредлив глас се одгласи Коста и замоли: - Оди, жити здравје, и донеси ми ја гуската зашто ќе се измочам в кревет. Оди..
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Високиот, мајчичето негово, сакаше да стигне порано тука, во Елбасан.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Донеси го кај мене в кревет. Да се стопли, бабо. Така заедно ќе оздравиме.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Темнината го ужаснуваше. Мокреше в кревет.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Грди се пајаците, лебарките; Понови времиња дојдоа- ги помилуваа- некои, но не можеа да ги сакаат; најпосле, си рекоа: па што ако- една, две бубачки в кревет;
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
САРА: Кога јас, господине Андреевиќ, би се однесувала онака како што вие од мене очекувате да се однесувам вие, прво, не би биле овде и, второ, би немале теоретски шанси да ме однесете в кревет.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
СИВИЌ: Сара, зошто не се вратиш в кревет, имам со господин Андреевиќ важен разговор.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
БОГДАН: (пука. Сите се штрекнуват. Пијаниот подрипнуе в кревет).
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)