в (предл.) - кафеана (имн.)

Знаеше дека е забрането, ама кога налутен од нешто опцу на тој свој мајчин јазик и малку поднапиен запеа в кафеана „Слушам кај шумат буките...”, додуша тивко, ама доволно гласно за да го слушнат некои, на шест месеци го пратија во казнена единица во еден од логорите на сувите острови во Егејското Море.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И по тротоарите не може мирно да се шета, зашто секој момент некој ќе ве турне со лактот, некој ќе ве понуди да влезете в кафеана, или пак ви става под носот некаков сувенир, сѐ во стилот на „Пигал“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
МАТЕЈ: Кога ќе седнев дома со кренати нозе татко ми ме учеше „Немој, не си в кафеана“. Кога ќе седнев така в кафеана, велеше „Немој, не си дома”.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
III Се споулаи веков: рацете ти се на нива очите в кафеана главата под земја!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)