По живците ми гази: квалитетот на виното зависи од јадењето, вели, без јадење не се одредува неговата вредност.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас упорно пак навалував: „Ајде, малку, барем пробај, па како мислиш да се подигнеш без јадење“. Не помагаа моите убедувања.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Сите ми отидоа без јадење, велам, немав со што да ги испратам, што да раздадам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И така се сфати, и така се постапи; со тоа што виното запнуваше пред да се постави јадењето, а со јадењето само почна да се лизга, додека на крајот и без јадење се налеваше во грлото како гргор од изворска вода.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Лена ми се јави да гледам кучето и коњот да не ги оставам без јадење и без вода.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)