Њет нека биде, велам, таа свила не ни ја подари бугарската делегација, туку претставници на македонското друштво од Софија, не можам без цигара... Давај, давај, ми велат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Ќе го дигне аскерот ошче ноќеска — одговори Митре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еве шо: јас сега ќе запала цигара (оти на човек без цигара ноќно време патролата не му викаше ни да застане, ами веднаш стрелаше на него, сметајќи го за комита) и ќе слеза до Мачкарови, та ќе му кажа на муљазимот дека на бичкијата дојде Толе Паша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)