Над него и под него е само простор и тој е сам во просторот, без тежина, слободен како птица... .
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А јас, ти велам, ко ветка сум станала, без тежина, без ништо да ми се гледа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дедото како да е без тежина; свадбарски подрипнува, брза пред нас, чекори кон нешто непознато но долго сонувано.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И мислев дека коските ми се без тежина, ветришта свират низ нив, ќе ме покријат, заспан и без соништа, без треви и без облаци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нема запреги и нема маѓесници, русалки со коси од ѕвездени нишки, мислев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)