И така, со најубави желби и полна готовност да му помогне, старецот го испрати својот долгогодишен слуга, а Петко го напушти овој свој дом не без тага на душата и болно чувство што ќе се оддели од својот питачки стап, но сепак задоволен од тоа, дека ќе може подоцна, како поп да му отслужи и литургија на неговиот свети Илија, како што му собираше осумнаесет години разни подароци од селата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
(...) Дали тој живее во истата збрканост и страв во која живееме и ние.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Луѓето дури и од родните предели што некогаш ги сториле и среќни и несреќни, не се разделуваа без тага во душите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Борејќи се со перцата и тушот, никако не успевајќи да направам нешто што чини, полека станував хистеричен.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Воздухот мора да влегува како што излегува - без тага, само несреќа“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)