Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Без сомневање, тој стар поет, Ласгуш Порадеци, би му се радувал на тонот на Патот на јагулите, ода на слободата испеана близу една најсурова граница на студената војна.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога Хабермас нпр. зборува за мојот еврејски мистицизам, тој се повикува на една американска книга на Сузан Ханделман, која во моите очи без сомневање е занимлива, но мошне проблематична во врска со тврдењето дека јас сум загубениот син на еврејството.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Жената застана и не без сомневање ме погледна в очи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Успехот на зборот деконструкција без сомневање мора да се сведе на фактот дека деконструкцијата очигледно била почувствувана како антиструктурализам или постструктурализам, како што често се вели во САД. Јас никогаш не го употребив тој збор.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ако на крајот на краиштата лично повеќе се интересирам за литературата или за уметноста отколку за науката, тоа е, како што реков, без сомневање поради недостатокот на компетенција, поради сопствената неспособност.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Крај на империите Сведоци сме на крајот на империите, но не само на крајот на советската туку и на американската империја, а без сомневање исчезнува и последниот остаток од француското колонијално царство, а со него и структурите создадени во Африка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)