Внатре по клупите и наземи лежеше багажот нафрлен без ред.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кога се движите низ овој град, сметате дека сообраќајот се одвива без ред, но и во тоа безредие постои некаков ред, зашто ако беше поинаку би настапила бркотница и би дошло до сообраќајна катастрофа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сепак, пределот наоколу е изменет – од мајчината лева страна е правилна редица тополи, како дел од педантно уредена алеја, од десната татковата страна, се расфрлани дрвја и грмушки меѓу густата, висока трева, а во неа, полегнати без ред, испокршени фигури, обезглавени актови без екстремитети, како по битка на гладијатори.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Десеттина години со ред порезниците трчаа по сите градови и села, собираа пари без ред: со закани, со казни, со глоби, со грабежи, со апежи...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Симка ќерка ми е, не е копиле најдена, та без ред и адет да ја венчавам! Таа е од сој!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ич што не бидува работа! Мома без ред каде се давала?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дедо им Диониш понекогаш на долго и на широко им кажуваше за Света Гора, ама раскинато, без ред, додека мајка им, исто така не одеднаш, туку расветлуваше по некоја година од тоа време.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)