За лек, срамежливо говореше. За лек, мислеше Отец Симеон тогаш, а лек немаше, беше болен и лут од ракија и без ракија.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Веќе не умее да седи без ракија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Без блиски, без жени. И без ракија - зашто нејзиниот вкус потсетуваше на една недалечна смрт.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се прокуди човекот и не може и да зборува без ракија. Да му се урне гробот на тој што ја измисли! Ковче од ковче да му се разневиди!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нека ми го донесе мене господ со здравје Анѓелета та и без ракија и без вино ќе направам свадба.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)