Немее птицата меѓу ребрата вгнездена, Тивнеам и јас во ноќта ѕвездена, Што сум јас без птицата, што таа без мене, Двајцата замолчени, онемени, приземјени?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Да легнеш подалеку од сите сенки и да ги гледаш и да ги плачеш тие мајки на сите стоења и на сите вишнеења без птици, стебла. Да легнеш и да молчиш е ова попладне крај брег симнато в песок со една во вода со друга нога застанато.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)