Некогаш, пред дваесет години, тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо што подобра прилика, а кога стројниците престанаа да идат, нему му беше јасно дека е задоволен, дека среќата го зачувала да не ја омажи ќерка си, да си остане таа со него, да не биде тој за неа втор, и спореден, поткошнат
па макар и во своја куќа, без право да ја повела.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Акварел
Земаш вода, боја, четка
ризик, многу ризик
плус страст, вишок страст
отаде доброто и злото
еден нескротлив гест
и
зафаќаш со еден потег
цел несогледлив амбис
окно под свеста, под себеси
го повлекуваш пругоре вовреното црево
го вадиш од дното на сликата
без право на дополнителен влог
без шанса за поправен испит
или прошка
и
го овоплотуваш змејот
прекрасното чудовиште
заумната фигура!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Бев осуден и морав да се спуштам во таканаречениот Безизлез без право дури и да размислувам за посебностите на тој мој затвор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)