Згора на сѐ, и записникот за извршената контрола, кој беше без печат и без деловоден број, имаше датум кој не одговара со критичниот датум кога се вршел утоварот; тужениот работода- вач не го пријави случајот во МВР како кражба, ниту пак поднесе било какво барање за утрврдување и надомест на материјална штета од избрканите работници – меѓу кои имаше и вработен кој порано, поради својата чесност и посветеност, беше и парично наградуван како најдобар работник во претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Го вртев во рацете и се чудев, зашто такво писмо, без печат, со букви што светеа со чуден сјај и од кое се тегнеше конец пареа и исчезнуваше во воздухот, од кое павкаше миризба, тоа писмо како да беше дојдено од некој друг свет, од некој друг живот. Зад живот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)