Она што го импресионираше Винстон и сега, кога се сеќаваше на тоа, беше фактот дека говорникот се префрли од една линија на друга практично сред реченица, и тоа не само без пауза, туку и без менување на конструкцијата на реченицата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ме восхитува твојот говор без аскеза
без пауза клесан ко глинен глаголски натпис
обоен и обол, со густ внатрешен
ритам на мит и лира
на плот и жедба
твоето лице ко отсутност изгребано
ко ѕидини на древни светилишта
од рески и црти
шифри и датуми
ко забранета и жигосана книга
по којашто се топела душата
и го прелевала својот акварел
не повторувајќи ниту еден
потег.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Потоа, речиси без пауза, под тоа напиша: ДВА И ДВА СЕ ПЕТ.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Авантури што го одземаат здивот, непознати брегови, далечни светилници, сино небо, слатки мириси на мед и јасмин, почеток на нови задоволства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Без каење тргнувам во потрага на неограничени прекрасни можности за живеење, исплетено со бои и мириси, како сонувач, талкач, скитник, живот без пауза, зошто секое погрешно застанување би било крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)