Точи вино црвено! Точи без пари! - Ама зошто? - праша Грујо.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тоа сѐ уште беа денови кога можеше да се живее без пари, а Велветите имаа токму толку.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
4. Пост-ворхоловски, продуцентски период 1967-1977. каде спаѓаат и видео-спотовите кои Ворхол подоцна ги продуцирал. 1963. Tarzan and Jane regained...Sort of (2ч, ц/б, з); Kiss (50 мин, ц/б, н); Sleep (6ч, ц/б, н); Andy Warhol films Jack Smith filming „Normal love” (3 мин, кол, н); Dance movie(Roller skates) (45 мин, ц/б, н); Haircut (33 мин, ц/б, н); Eat (45 мин, ц/б, н); Salome and Delilah (30 мин, ц/б, н). 1964. Batman Dracula (2ч, ц/б, н); Empire (8ч, ц/б, н); Henry Geldzahler (100 мин, ц/б, н); Couch (40 мин, ц/б, н); Shoulder (4 мин, ц/б, н); Mario banana (4 мин, ц/б, н); Harlot (70 мин, ц/б, з); The thirteen most beatiful women (40 мин, ц/б, н); Soap opera(The lester Persky story) (70 мин, ц/б, н); Taylor Meads ass (70 мин, ц/б, н). 1965. The thirteen most beatiful boys (70 мин, ц/б, н); Fifty fantastics and fifty personalities (40 мин, ц/б, н); Ivy John (35 мин, ц/б, з); Suicide (70 мин, кол, з); Screen test 1и2 (70 мин, ц/б, з); The life of Juanite Castro (70 мин, ц/б, з); Drunk (70 мин, ц/б, з); Horse (105 мин, ц/б, з); Poor litle hich girl (70 мин, ц/б, з); Vinyl (70 мин, ц/б з); Bitch (70 мин, ц/б, з); Restaurant (35 мин, ц/б, з); Kitchen (70 мин, ц/б, з); Prison (70 мин, ц/б, з); Face (70 мин, ц/б, з); Afternoon (105 мин, ц/б, з); Beauty 2 (70 мин, ц/б, з); Space (70 мин, ц/б, з); Outer and inner space (70 мин, ц/б, з); My hustler (70 мин, ц/б, з); Camp (70 мин, ц/б, з); Paul swan (70 мин, кол, з); Medy(The most beatiful women in the world/The shoplifter/The fourteen year old girl) (70 мин, ц/б, з); okno.mk | Margina #15-16 [1995] 109 More milk Yvette(Lana Turner)(70 мин, ц/б, з); Lupe (70 мин, з). 1966. The Velvet Underground and Nico (70 мин, ц/б, з); Bufferin (Gerard Malanga reaads poetry) (35 мин, ц/б, з); Eating too fast (Blow job 2)(70 мин, ц/б, з); The Chelsea girl (195 мин, ц/б, кол, з); **** (Four stars)(25ч, кол, з). 1967. The loves of Ondine (86 мин, кол, з); I, a man (100 мин, ц/б, з); Bike boy (96 мин, кол, з); Nude restaurant (околу 2ч, кол, з); Lonesome cowboys (100 мин, кол, з), со Пол Морисеј. 1968. Blue movie (Fuck)(90 мин, кол, з); Flesh (105 мин, кол, з). 1970. Trash (103 мин, кол, з). 1972. Women in revolt(97 мин, кол, з); Heat (100 мин, кол, з). 1973. L’Amour (90 мин, кол, з). 1974. Andy Warhols Dracula (Blood for Dracula)(90 мин, кол, з); Andy Warhols Frankenstein (Flesh for Frankenstein)(95 мин, кол, з). 1977. Andy Warhols Bad (100 мин, кол, з). *објаснување на кратенките: ц/б - црно-бел; кол - во боја; з - звучен; н - нем. подготовка и превод: Игор Ангелков 110 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Popism 4 (1966-1967)
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Им носат муштерии, а пак сликарите некогаш можат да пијат и на вересија, кога ќе се случи да останат без пари.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Нема повеќе ебавање без пари. Живот даваме, мозок за џабе не даваме. Пари бараме мозок да продаваме.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Б бадијала - без пари, бесплатно, залудно батакчија - измамник, неранимајко башибозук - нерегуларна војска, паравојска беља - несреќа, невола, мака, тегоба, искушение берат - повелба, декрет, заповед, издадена од султанот, со која се давале разни права, привилегии
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ете, човек без пари може и да полудее. Тоа е потешко од прангите и стаповите на полицајците.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го прашувам Доксима Тренчески, а Дуко Вендија ми одговара: - Тој пие со власта, вели, оти власта пие без пари.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Рикна вол во темен дол. Без пари ми свиреше. Само за едно јадење. Ама убаво свиреше човекот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Може да ви се слоши. А таа: – Не, – вели – свикната сум. И го зема четвртото.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ме обзеде некаква буржоаска срамежливост. Божем, кавалер, а без пари.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Камилски се задржа и на многубројни лексички траги во балканските јазици на занаетчиската терминологија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ги забележа зборовите: туџар, трговец (од арапски tccar); тељал, телал, вид трговец, посредник, но и лице што ги известувало луѓето за продажбата на некаква стока (од арапски telll); ортак, партнер (од турски ortak); џамбаз, трговец со коњи (од персиски cambaz); муштерија, редовен, постојан купувач (од арапски mteri); дуќан, дуќанче (од турски dukkan); есап, сметка (од арапски hesap); алаш-вериш, алаџак-вереџек, купопродажба, размена, пазарење (од турски alışveriş и alacak-verecek); пазар, (од персиски pazar); пазарлак, погодување за цената при купопродажба (од турски pazarlik); ќар, заработка, добивка (од персиски kr); зијан, штета, губиток (од персиски ziyan); фајде, фајда, корист, полза (од арапски fayda); келепур, џабе, нешто добиено за малку пари или под цена, ќелепур-софра, келепурџија (од турски kelepir); бадијава, бадијала, џабе, без пари (бадијалџија, готован, неработник), (од турски bedava и bedavaci).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Солидно решение ако проектите можеа да се направат и без пари“ - објаснував, незнаејќи дали тоа одекнуваше во општата селективна битност на настаните, која никогаш не подразбираше статичност.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Рајана не може харачот да го плати, а од тебе ќе се бара до акче да ни изброиш и без пари да не ни идеш пред очи. Сакаш ли тоа?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Со мало дете. Без маж. Без работа. Без пари...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
По ова што стана вечерва, да чуе светот дека сум ти ја дал Симка без пари: подобро да го затворам дуќанот! Што е ред за мома, ќе платиш!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Костадин вели: „Сите момински адети и сите свадбени редови ги земам на себе, само милувам Симка без пари, без пазарлак да ми дојде. Од чиста милост...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Празнично утро. Костадин е сам, и, токму после миењето, се брише со крпа).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Рожденката не ја дава ќерка си без пари, Крчо нејќе со пари, и така ќе си се врати на Анѓа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А бидејќи волната ѝ беше без пари, оти пак да не си направи и таа како тие песјачки солунките за ќерка си?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А кога Брајан од Витолишча, Стојко од Полчишта и други сиромаси немаа да доплатат, тој им ја даваше стоката и без пари, на вересија и му наредуваше на Мечето да запише во тевтерот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само што момата бојлер вклучи инспектор дојде струја да исклучи со ладна вода миеше коса мајка ѝ викна да не оди боса Плочките ладни реума влечат ѕидови пукнати треба да кречат татко без пари во возови на влеча а мајка ѝ 10 години во стечај
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Некои од луѓето, како дар на манастирот, оставаат деца, момчиња, да му слугуваат извесно време, без пари.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Не можам да ги платам! - рече Трајче. - Не треба. Ти ги давам без пари.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Му фалеа впрочем неколку заба, три од страна...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сите тие зашеметени разнесувачи, секогаш без работа, во теснец, без пари, занесениците на „Перпетум”-от на светските нерешливи проблеми... на „магнетната чешма”...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Изрипуваше низ околувратникот... Екслодираше во плуканици...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сѐ за тие пусти пари е маката. Без пари ништо. И манџата се соли со пари.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Тји, да не видов, не верував дека толку ти било батал лозјето.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АНГЕЛЕ: Не сакам. Маж без пари, жена без цицки и ракија без мезе не оди.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Дедото Петко, зборувајќи за селото, пренесувајќи поздрави од едни или други, од блиски или далечни, донесе и една приказна за тоа како купил место за нова куќа, го платил местото, а останал и без место и без пари.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Бевме едногласни: да си ги земеме велосипедите, божем ќе возиме низ нашата населба, а јас да ги понесам и тениските рекети, можеби некое од игралиштата во паркот ќе биде празно, па ќе нѐ пуштат да поиграме без пари. Така и сторивме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ќе се вратиме до седум и пол – реков на тргнување. Тогаш е сѐ уште ден, а Мила мора да е дома.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)