без (предл.) - намера (имн.)

А всушност, без намери: „целисходноста исчезна и моделите се тие што нѐ генерираат”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дојди без намера, дојди случајно, дојди без каење, зборовите не ги изговарај, мислите ги знаеме, копнежите се силни, чувствата се исти, угаси го светлото, привлечноста на телата веќе не опи, заведиме, посакајме, зошто сум страст и љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се сеќавам на тоа лето, на прошетките по брегот на медитеранот, на жешките денови кога во далечината освен синилото на морето, таму некаде се појавуваше и фатаморганата на тој совршен момент.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Немам грижа на совест за Симона, иако ми е жал. Сѐ се случи без намера за некаква достава до полицијата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го влечкаат како багаж. Без намера да се променат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас верувам во тоа,“ зборуваше Ема Ендековска повеќе како за себе, без намера да ја убедува во тоа својата пријателка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)