Како птица без крилја. Сака да летне, а крилјата ѝ се оштетени.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Молчев со наведната глава и се чувствував како виновник - можеби нацртав лоша сенка. - Како папагал без крилја...
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Не можев да ја отцртам кога веќе ја нацртав, ни да ја избришам со гума кога не беше во мојата цртанка и мирна како другите мои цртежи.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Фрлаа луѓето на нив сѐ што ќе најдеа: врела вода, жива вар, пепел, сода; им ги чадеа патиштата со слама, со папрат, со лепешки, со козина, со ќуќур; едни пцовисуваа, а други пристигнуваа; ги имаше од сите погании: црни, жолти, кафеави, со големи глави, со големи нозе, со крилја, без крилја, со крст на грбот или без крст.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)