Другата доминантна тема–идеја во романот, која произлегува од претходната, е, всушност, самиот феномен на козите што се наложува и од еден антрополошки аспект при што авторот, натаму, низ својата сугестивна моќ, а никогаш експлицитно, и соочува со релацијата на човечките законитости кон светот на реалниот живот, што значи дека без кози, ќе нема млеко, ќе има недостиг на храна, ќе настапи глад итн.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На големиот митинг на козарите со козите, на големиот плоштад, кои го посматравме и ние децата од блиското Кале, на козарите им беше даден рок до утрешниот ден во 12 часот, да стапат во социјализмот, ама без козите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А ние не сакавме по никоја цена да појдеме без козите – прифати веднаш Чанга. – Разбирам, разбирам – продолжи загрижено градоначалникот – но што ќе правите сега со овие кози? Ќе ги продадете, заколете или...?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За мајка ми историјата – тоа бевме ние, гладните деца без кози, како и ситите деца во семејствата со кози...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ама нив власта ги бараше без козите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Крајот на педесеттите години тукуречи останавме без козите и овците.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Без Чанга, без козите и прчовите негови беше тажно во Козар Маало, во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Без козите гладот ни беше сигурен.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)