Така остана мостот без име и знак. Тој, таму во Босна, блескаше на сонцето и светеше на месечината, а преку себе префрлаше и луѓе и добиток.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Само вода може валканица да измие под млаз од доживувања нови, такви обезличени судби без име, само справедливост без аршин двоен. Еден се многу, а малку се сто.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Но ликот се снемува и пак е тоа маж со неопределени години, ни млад ни стар, без име и без занимање.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Влегов во темна соба без составките на моето тело: без глава, без мозок, без потекло, без име, без настани по кои би се сетил што сум бил, што се случувало, кој сум.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Оној што ова го раскажува, прв дошол на мисла да му го испита и да му го разбере настанувањето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нишан
(поделено јас)
Договор е јаболко да не клаваме
во разговорот - кутија отворена:
раздорот, пан-доратот
на мегдан сам ќе дојде
во ситен кас, ненасит
јаболкото е за по дома
уште повнатре
за интимни дела
(пред употребата добро да се одмери)
уште повнатре
во умот без него
-една глава сто ума-
расцеп на личноста, пизма без име
како јас-бол, како разроко јас
поделено јаболко: поделено ти
камен-меѓник (кај и да погледнеш!)
во мојата нива коренот
во твојата плодот
а сенката паѓа на сите страни
на светот, АДАМ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)