Во себеси пак си мислеше, гледајќи го животецот на отец Арсенија: „Овој човечец си а наредил работичката. Си живее без гајле и касавет.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јас сега ќе наредам деврие низ селото, караули по сите патишта, а еден чауш лично кај тебе ќе караули.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сефедин почна да го теши старецот: — Без гајле, мудур ефенди, без гајле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Чекај без гајле, стари Циганине.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Толку стасала рака. Знаеш, фукаралак, маскаралак.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: (Пивнува.) А, без гајле пиј, чорбаџи Теодосе, крстено — водичка. Право да ти кажам, кум Поцко, виното ти е слабо. (Му намигнува.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ајде, Доцко, многу си задоцнил! А да знаеш каков касмет те чека, не би ни кинисал!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Молам?! Што рече?! – праша таа изненадено.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еден од тие денови, кога моето истражување го прогласив за завршено, ѝ реков на мајка ми, само што беше влегла дома од работа: - Бидете без гајле, вашиот син не пуши! – и задоволно и гордо, значајно погледнав во неа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Без гајле, чичко Темелко, ни се одложи одењето на Водно со другарчињата од Батинци.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)