Никој не знаеше каде отиде пријателството, погледите, човечката убавина, добрината, Големата вода, сонот, желбите. Сентерлевиот рид, птиците, сонцето, какво е ова време без ветар, без дожд, што не зашумат светлите води на пролетта, какво е ова суво, јалово време, овој голем снег што ни ги затвори патиштата, оваа темница низ која миневме како сенки, непознати, оваа отровна прав во очите, каде отиде таа златна светлост од окото на Кејтеновиот син, каква е оваа лага што нѐ покорува, што нѐ разделува?
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Го виделе: станал и се тетеравел кон некаква крива колиба зад манастирот со чекор како да ги извлекува козјите нозе од глекаво калиште додека мантијата, црно знаме на жив костур, и без ветар потрепетувала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сомневањата на Доце Срменков и на уште неколцина се разнишале: можеби попот и не запалил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)