Жените навистина имаат што да загубат во оваа состојба, макар било тоа и нешто за што машката геј-култура смета дека не вреди ни да се задржи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, сосема ќе бидат во право ако приговараат на губењето на тоа нешто.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Италијанските вдовици од Фајер Ајленд можат да тврдат дека не им се обраќаат на жените – односно барем дека стрејт-жените не се директната, наумена и непосредна публика на која ѝ е наменета нивната изведба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истото важи за голем број машки геј-културни практики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму затоа што вдовичката улога е женствена улога, таа во машките очи се квалификува како перформативна, како да има димензија на одиграност, токму како што сите женствени улоги, сите женствени облици на отелотворување и на себепретставување во општеството со кое доминираат мажите излегуваат перформативни, односно барем донекаде.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Припадноста во машка геј-култура – и за геј-мажите и за оние жени и стрејт-мажи кои ѝ пристапуваат – е нешто што се стекнува во текот на поодминатиот живот, преку процес на социјализација на возрасните.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Американската машкост, а со тоа и американската геј-мажественост, налагаат жилава независност, здрава самодоверба, висока самопочит: накратко, негирање на потребата, на болката, „на огорченоста, самосожалувањето и на другите неутешни односи кон лишеноста“.254
Значи, разбирливо е што склоп од културни практики чија цел е справување со стварноста на страдањето, пркосење на немоќта и копање простор за слобода во еден општествен свет признат како непријателски и угнетувачки не само што нема да им биде привлечен на многу денешни подредени луѓе, туку ќе го претставува она што повеќето од нас – вклучително и жени, геј-мажи и други малцинства – мора да го отфрлат за да се издигнат до самочувство на достоинственост, гордост, независност, самопочит, моќност и задоволство и покрај сѐ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па како може еден таков процес на социјализација на возрасните да објасни работи што многу јасно изгледа, барем гледано наназад, дека биле геј-културни практики предвреме прифатени уште рано во животот од страна на многубројни момчиња кои подоцна испаднале геј?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А во конкретниот случај на геј-мажите, геј-културата е она од што многумина од нас мора да се одречат за да остварат геј-гордост – односно барем извесен вид на геј-гордост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како ќе објасниме зошто геј- или протогеј-субјектите ја усвојуваат културната практика на машката хомосексуалност кога сѐ уште се деца и зошто некои хетеросексуални субјекти, кои подоцна ќе откријат во себе длабока склоност кон машката геј-култура, некогаш се чувствуваат силно и непогрешливо привлечени од нејзините културни облици уште од рана возраст, без да бидат свесни за таквата привлеченост, односно барем не опишана така?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понатаму, каква смисла има да се зборува за култура без да се упатува на процесите на социјализација и артикулација?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)