6. Судот пресудата ја донесува и објавува во име на граѓаните на РМ. Кога главната расправа се одржува пред советот, пресудата ја донесуваат претседателот на советот и членовите на советот кои учествувале на рочиштето на кое е заклучена главната расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пресудата се донесува веднаш по заклучувањето на главната расправа на записник и ја објавува судијата поединец, односно претседателот на советот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На новата главна расправа странките можат да изнесуваат нови факти и да предлагаат нови докази (чл. 398, ст.2-3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога причината за повторување на постапката се однесува исклучително на постапката пред повисокиот суд, судијата поединец, односно претседателот на советот на првостепениот суд по одржаното рочиште за расправање за предлогот за повторување на постапката ќе го достави предметот до тој повисок суд заради донесување одлука (чл. 399, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)